Плевра — мембранеста обвивка на белите дробови. Се разликуваат надворешна и внатрешна плевра. Надворешната е прицврстена за ѕидот на градниот кош и е позната како париетална плевра, додека внатрешната е прицврстена за белиот дроб и други утробни ткива и е позната како висцерална (утробна) плевра. Помеѓу двете плеври се наоѓа една празнина наречена плеврална празнина или плеврален простор. Таа е полна со плеврална течност (серозна течност од плеврата).

Плевра
Детаљ на бел дроб што ја покажува плеврата. Плевралната шуплина е згоемена затоа што нормални нема простор меѓу пулмонарната плевра.
Податоци
СистемДишен систем
живецмеѓуребрени живци, френични живци
Назнаки
Латинскиpleurae pulmonarius
TAA07.1.02.001
THH3.05.03.0.00001
FMAFMA:9583

Плевралната течност ги подмачкува плевралните површини, со што овозможува двете плеври да се лизгаат за време на дишењето. Исто така, таа овозможува белодробната површина да биде во контакт со ѕидот на градниот кош. За време на тивко дишење, празнината е изложена на негативен атмосферски притисок кој помага во адхерацијата на белите дробови за ѕидот на градниот кош, така што се овозможува речиси кооединирано движење на ѕидот и белиот дроб при респирацијата.

Париеталната плевра е многу осетлива на болка, додека висцералната не. Висцералната (утробната) плевра има двојно снабдување со крв од бронхијалната и од белодробните артерии.

Некои заболувања во врска со плеврата се следниве: