Плански региони во Латвија
(Пренасочено од Плански региони на Летонија)
Плански региони во Латвија (латвиски: Latvijas plānošanas reģioni) — територијални единици кои не се дел од административната поделба на државата и не се споменати во законот за територијална поделба на Латвија, туку нивната цел е за полесно управување на развојот на целата територија. Латвија има пет плански региони: Латгале, Рига, Курземе, Виѕеме и Земгале. Границите на регионите се одредени според границите на општините од кои се составени регионите и се според новата административна поделна на Латвија од 1 јули 2009.[1]
Региони
уредиРегион | Најголем град | Површина (км2) | Население и густина (жит/км2) |
---|---|---|---|
Рига | Рига | 10.132 | 1.098.523 — (108,3) |
Курземе | Лиепаја | 13.596 | 301.621 — (22,1) |
Латгале | Даугавпилс | 14.549 | 343.646 — (23,5) |
Земгале | Јелгава | 10.733 | 281.928 — (26,1) |
Виѕеме | Валмиера | 15.246 | 235.576 — (15,4) |
Латвија | Рига | 64.256 | 2.261.294 — (34,9) |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Administratīvo teritoriju un apdzīvoto vietu likums“ (латвиски). likumi.lv. 2008-12-08. Посетено на 2010-01-10.