Планинска гуштерица
Планинска гуштерица | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Влекачи |
Ред: | Лушпари |
Подред: | Гуштери |
Семејство: | Вистински гуштери |
Род: | Гуштери |
Вид: | Планинска гуштерица |
Научен назив | |
Lacerta agilis Linnaeus, 1758 |
Планинска гуштерица (науч. Lacerta agilis) — вид гуштер од семејството вистински гуштери, чиј ареал се протега низ речиси целата Европа и источно до Монголија. Не живее на Пиринијскиот Полуостров и европскиот дел на Турција. Распределбата ѝ е релативно раштркана.
Има светол стомак и лента на грбот: мажјаците се потемни по боја, а стануваат делумно или целосно светлозелени во сезоната за парење. Достигнуваат должина до 25 см.[2]
Има неколку подвида, од кои најзападен е Lacerta agilis agilis. Кај овој и другите два најзастапени западни подвида (Lacerta agilis argus) грбната лента е тенка и испрекината, или пак воопшто ја нема. Ова важи особено за третоспоменатиот подвид, кој има и фази кајшто е сосем црвен и кафеав на грбот, без никакви белези. Кај овие два подвида, мажјаците сезонски позеленуваат само на боковите, но источните видови (претежно Lacerta agilis exigua) мажјаците знаат да бидат целосно зелени, дури и вон сезоната за парење.
Женките ги несат јајцата во ровит песок на сончево место, а младите се развиваат и изведуваат благодарение на топлината на песокот.
Во Република Македонија
уредиВо Република Македонија, планинската гуштерица е најзастапена во националниот парк Маврово[3] и на планината Пелистер, каде е врзана за моликата како живеалиште.[4]
Примерок на планинската гуштерица е изложен како експонат во Природнонаучниот музеј на Македонија во Скопје.[5]
-
Единка со изразена линија
-
Двојка како се пари (мажјакот е зелен)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Lacerta agilis“. IUCN Red List. Version 3.1. International Union for Conservation of Nature. 2009. Посетено на 11 август 2011.
- ↑ Michael Allaby (1999). „Lacertidae“. A Dictionary of Zoology. Oxford University Press, Encyclopedia.com. Посетено на 14 декември 2008. (англиски)
- ↑ Анализа на влекачите - Планинска гуштерица - Анализа и валоризација на фауната на цицачите во заштитеното подрачје Национален парк „Маврово“ (македонски)
- ↑ Рефугален регион Пелистер, стр. 49 Архивирано на 26 декември 2011 г. Втор национален извештај - Активности кон Конвенцијата за климатски промени (македонски)
- ↑ Планинска гуштерица - Природонаучен музеј-Скопје Архивирано на 10 ноември 2010 г. - Македонски национален комитет на МСМ (ICOM) (македонски)
Надворешни врски
уреди- За гуштерите во труд за Биоразновидноста на Македонија Архивирано на 26 декември 2011 г.
„Планинска гуштерица“ на Ризницата ? |