Плавско Езеро
Плавското езеро е езеро во општината Плав, на североисточниот дел на Црна Гора.
Плавско Езеро | |
---|---|
Подрачје | Плав |
Координати | 42°35′45″N 19°55′30″E / 42.59583° СГШ; 19.92500° ИГД |
Главни истеци | Лим |
Сливни земји | Црна Гора |
Најг. должина | 2,160 m км |
Површина | 1,99 км2 км2 |
Прос. длабочина | 9.1 m м |
Најг. длабочина | 9 m м |
Надм. височина | 906 m м |
Плавското езеро е ледничко езеро сместено помеѓу планините Проклетие и Виситор на висина од 906 метри над нивото на морето, а се издолжува кон правец север-југ во должина од 2160 метри. Просечната ширина на езерото изнесува 920 метри, а најголемата длабочина 9 метри. Езерото е најголема туристичка атракција во таа област. Од езерото истекува реката Лим.
Оваа статија Црна Гора е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |