Пеќската лига (албански: Lidhja e Pejës) била политичка организација која била основана во градот Пеќ, тогаш територија на Косовскиот вилает во Османлиското Царство. Лигата била основана на 29 јануари 1899 година[1]. и како главен водач бил Хаџи Зека, еден од припадниците на Призренската лига.

Основање

уреди

Призренската лига која била основана со помош на османлиските власти престанала да постои во април 1881 година. Дел од членовите на лигата незадоволни од Берлинскиот конгрес започнале востание во 1879 година. Хаџи Зека во 1886 година заминал во Цариград за да добие поддршка од властите во земјата. Таму тој добил поддршка од Портата да организира нова лига за обединување на Албанците во рамките на империјата. Во рамките на Косовскиот вилает биле организирани неколку акции против христијанското население. Во 1899 година заедно со своите истомисленици ја основал Пеќската лига. По формирањето на лигата водачите испратиле договор на султанот Абдул Хамид II за заштита на верата, нацијата и земјата. Овој допис бил потпишан од страна на 40 делегати. Од потписниците по 8 имало од Пеќ и Роговиште, 7 од Тетово, 6 од Ѓаковица, 4 од Призрен итн.

Пеќската лига имала слични амбиции како Призренската лига односно обединување на сите вилаети каде живее албанско население во еден поголем вилает со поголема автономија. Освен Косовскиот, Скадарскиот, Битолскиот и Јанинскиот вилает, Пеќската лига се залагала за вклучување во својот состав и на Солунскиот вилает.

Во својот допис до Абдул Хамид II делегатите додале дека:

  • се спремни да ја бранаат својата земја до последен дух
  • се загрижени што во Македонија разни банди го загрозуваат јавниот ред и безбедност
  • 15.000 се спремни да војуваат против напаѓачите на албанските домови
  • во секоја каза постои централен комитет кои заедно со исламските комитети се спремни за мобилизација на силите
  • комитетите се спремни да соработуваат со османлиските власти
  • нема да се мешаат во државните работи на империјата
  • конфликтот може да се прошири во останатите вилаети каде живее албанско население.

Распуштање

уреди

Лигата својата дејност ја завршила во 1900 година по вооружениот судир со османлиските сили. Зека бил убиен од страна на српски агент во 1902 година[2].

Наводи

уреди
  1. [1] -{The crescent and the eagle: Ottoman rule, Islam and the Albanians, 1874-1913}-, страна 125, Аутор: -{George Walter Gawrych}-
  2. Bep Jubani et al., Historia e popullit shqiptar: për shkollat e mesme (Libri Shkollor: Pristina, 2002) 182-185.