Пејтон Сива

Американски кошаркар


Пејтон Роберт Сива Џуниор (роден на 24 октомври 1990)[1] е американски кошаркар, плејмејкер на Алба Берлин.

Пејтон Сива


Лични информации
Роден на 24 октомври 1990(1990-10-24)(34 г.)
Роден во Сиетл, Вашингтон, САД
Националност САД САД
Позиција плејмејкер
Информации за кариерата
Колеџ Луисвил (2009–2013)
Драфт 2013 / Рунда: 2 / Пик: 56
Избран од:
Детроит Детроит Пистонс
Проф. кариера 2013–
Моментален клуб
Клуб Алба Берлин Алба Берлин
Број 3
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2013–2014
2013–2014
2014–2015
2015–2016
2016–
Детроит Детроит Пистонс
Форт Вејн Мед Антс Ф.В. Мед Антс
Ири Бејхокс Ири Бејхокс
Јувеказерта Јувеказерта
Алба Берлин Алба Берлин

Тој играл колеџ кошарка за Луисвил Кардиналс, водејќи го своето училиште до два Фајнл Фора. Во летото 2013 учествувал на НБА Дратфот и бил избран како 56-ти пик во втората рунда од Детроит Пистонс.

Животопис

уреди

По потекло од Самоа, Сива израснал во проблематичната населба во Сиетл. Неговата мајка работела на три работни места за да се обиде да го поткрепи семејството. Неговиот татко бил најчесто отсутен, и се борел со зависноста од дрога и алкохол во текот на детството на Сива.[2]

Колеџ кариера

уреди

Сива играл колеџ кошарка четири сезони на Универзитетот во Луисвил, за екипата на Луисвил Кардиналс, освојувајќи титулата во НСАА првенството во 2013 година играјќи во 40 натпревари со просек од 10 бода, 2,4 скока и 5,7 асистенции.

Професионална кариера

уреди

Детроит Пистонс

уреди

Сива бил избран како 56-ти пик на НБА Драфтот 2013 од страна на Детроит Пистонс. Во јули 2013 година, тој им се приклучил на Пистонс за НБА Летната лига 2013. На 5 август 2013 година, тој потпишал официјален договор со Детроит Пистонс.[3] Своето деби во НБА лигата го направил на 30 октомври 2013, играјќи ги последните 19 секунди во победата на домашен терен над Вашингтон Визардс со 113-102.[4] На 26 декември 2013 година, тој бил проследен во Форт Вејн Мед Антс.[5] На 13 јануари 2014 година, тој бил отповикан од страна на Пистонс.[6]

На 15 јули 2014 година, тој бил ослободен од страна на Детроит Пистонс по завршувањето на НБА Летната лига 2014.[7][8]

Ири Бејхокс

уреди

На 29 септември 2014, Сива потпишал договор со Орландо Меџик.[9] На 25 октомври 2014 бил ослободен од Орландо, и само 5 дена подоцна потпишал за Ири Бејхокс како филијала играч.[10]

Јувеказерта

уреди

Во летото 2015, Сива се преселил во Европа и потпишал договор со италијанската Јувеказерта.[11] Во сезоната 2015-2016 во Серија А, Сива бил најдобар асистент во лигата со 6,5 асистенции по натпревар.

Алба Берлин

уреди

На 22 јуни 2016, Сива потпишал двегодишен договор со германската Алба Берлин.[12]

НБА статистика на кариерата

уреди
Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три бода  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата

Регуларна сезона

уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2013-2014   Детроит Пистонс 24 0 9.3 .316 .280 .733 .6 1.4 .4 .0 2.3
Кариера 24 0 9.3 .316 .280 .733 .6 1.4 .4 .0 2.3

Наводи

уреди
  1. „Peyton Siva Bio“. gocards.com. Архивирано од изворникот на 2013-02-05. Посетено на May 17, 2013.
  2. Saslow, Eli (November 12, 2012). „The ascent from deuce-8“. ESPN The Magazine. Посетено на November 1, 2012.
  3. „Pistons sign Siva“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. August 5, 2013. Посетено на August 5, 2013.
  4. Washington Wizards at Detroit Pistons Box Score, October 30, 2013
  5. Detroit Pistons assign Tony Mitchell and Peyton Siva to D-League
  6. Detroit Pistons recall Peyton Siva and Tony Mitchell from D-League
  7. „Pistons waive Peyton Siva and Josh Harrellson“. Архивирано од изворникот на 2017-10-24. Посетено на 2018-02-22.
  8. Detroit Pistons release Peyton Siva, Josh Harrellson from their non-guaranteed contracts
  9. Orlando Magic add Kadeem Batts, Drew Crawford, Seth Curry, Peyton Siva to training camp
  10. BayHawks Acquire Four Players, Complete Coaching Staff
  11. „Caserta announces Peyton Siva“. Sportando.com. August 12, 2015. Посетено на August 12, 2015.
  12. „NCAA-Champ Peyton Siva unterschreibt für zwei Jahre“. Albaberlin.de (германски). June 22, 2016. Архивирано од изворникот на 2016-08-12. Посетено на June 26, 2016.

Надворешни врски

уреди