Пределно сликарство

(Пренасочено од Пејзажна уметност)

Пределно сликарство или пејзажно сликарствожанр во сликарството чии теми се предели како планини, долини, дрвја, реки и шуми. Речиси секогаш небото е составен дел од сликата. Тука временските прилики играат важна улога. овој жанр го среќаваме уште во антиката, како да речеме римските пределни фрески кои краселе соби. Такви денес наоѓаме во добра состојба во Помпеја и Херкуланеум.

Полесје, предел од Иван Шишкин, 1884
Жетварите, од Питер Бројгел Постариот, 1565: Мир и земјоделство предромантистиочки идеален предел.
Дордрешкото пристаниште од Алберт Кејп

Во раниот XV век пределното сликарство се развило во жанр во Европа, како окружување на човечките активности, често религиозни по тематика. Вакви биле Починката при бегството во Египет, Патешествието на Трите мудреци или Свети Еремија во пустината.

Кинеската традиција на „беспримесен“ предел е таква во која човекот е насликан многу мал, и само дава размер и контекст на делото, со тоа примамувајчи го посматрачот да учествува во него. Овој жанр во Кина бил добро оформен дури и пред појавувањето на туш-техниката.

Поврзани видови на предели

уреди

Поврзнао

уреди

Наводи

уреди