Пештера Лумелунда
Пештерата Лумелунда (шведски: Lummelundagrottan, исто така позната како Rövarkulan) се наоѓа во природата во Лумелунда северно од Висби на Готланд, Шведска. Истражениот дел од оваа карстна пештера е речиси 4,5 км, што ја прави една од најдолгите пештери во Шведска. Создадена е од одводната вода од калта Мартебо. Водата формира поток со излез во Балтичкото Море . Во 15 до 19 век покрај потокот биле поставени воденици и железарница.
Иако влезот на пештерата е познат со векови, главниот дел од неа бил откриен од три тинејџери во текот на 1940-50-тите. Го посетуваат околу 100.000 луѓе секоја година и е една од главните туристички атракции на Готланд.
Историја
уредиПештерата најверојатно била формирана пред последното ледено доба . Водата што ја создава е дренажа од калта Мартебо која е приближно 11 км источно од Лумелунда. Поголемиот дел од водата тече како поток, Lummelundsån, низ северниот дел од системот на пештерата, излегувајќи од варовничките карпи (познати како Клинт ) на неколку стотици метри од крајбрежјето. Потокот бил многу поголем и посилен пред калта, некогаш најголем на Готланд, тој пресушил кон крајот на 19 век.[1] Преостанатата дренажа се води низ подземни канали од 1,150 м, на 17 м од Мартево до Лумелунда се испуштаат 400 литри/секунда.[2]
Потокот се користи за индустрија уште од средниот век . Според недокументирана парница во 1778 година, во 1418 година во Лумелунда била изградена мелница. Најстариот сигурен запис е од 1594 година, каде што се наведени три мелници на потокот.[3] Во 1620-тите, шест мелници биле во употреба во Лумелундсон . Самата пештера била позната сè додека се користел потокот. Карл Линеј пишувал за пештерата за време на неговото патување во Готланд во летото 1741 година. По него е именуван делот од пештерата каде што излегува потокот, пештерата Лине.[1] Пештерата Лине е широка 6 м, висока е 3 метарs (9.8 ст) и е долга околу 12 метарs (39 ст). Нејзиното дно е исполнето со вода. Пештерата Лумелунда се споменува во истражувањето на пештерата од 1917 година, направено од геологот и Готландер Хенрик Мунте, каде што е наречена Kytt-Janns källare („визбата на Кит-Јан“).[4]
Првиот документиран обид за истражување на пештерата бил направен во 1924 година од зоологот Торстен Гислен, но тој никогаш не стигнал подалеку од 40 метарs (130 ст) во пештерата и покрај неколкуте подоцнежни обиди.[5]
Трите момчиња
уредиПробивот во пронаоѓањето на системот на пештерата се случил во 1948 година, кога три тинејџери, Ларс Олсон, Орјан Хакансон и Перси Нилсон, познати како „Трите момчиња“ ( De tre pojkarna ), пронашле влез во остатокот од пештерата. Седум години тие ја истражувале пештерата во недела користејќи кибрит, свеќи, штици и мал брод за да навлезат подлабоко во системот.[5]
По две годишно истражувањ на првиот дел на пештерата, голем камен паднал од еден од ѕидовите, проширувајќи го малиот отвор во карпата. Ова создало 20 метарs (66 ст) долг премин (подоцна наречен „Премин на момчињата“, Pojkarnas gång ) во првата голема пештерска сала, „Кралската сала на планината“ ( Bergakungens sal ). Од 1959 година наваму, оваа сала станала главна туристичка локација. Малку повнатре се наоѓа „Капелата“ ( Капелет ), наречена така од страна на момчињата кои мислеке дека изгледа како црква, таму нивното истражување било попречено од езерото. Дури во 1955 година успеале да истражат уште 175 метарs (574 ст) понатаму, користејќи чамец.[6]
На 21 јануари 2011 година, „Трите момчиња“ беа почестени на церемонија во кампусот Готланд . Ларс Олсон починал на 19 октомври 2011 година,[7] а Перси Нилсон починл во декември 2013 година. Сите тројца станале почесни членови на Шведското спелеолошко друштво ( Sveriges Speleologförbund, SSF ).[8]
Понатамошни истражувања
уредиВо 1959 година, бил направен 60 метри долг тунел[9] на површината до „Кралската сала на планината“ за да ја направи пештерата подостапна за посетителите.[5] Уште 400 метри од пештерата и најголемата сала досега, била откриена од нуркачи во септември 1985 година.[9]
Геологија и географија
уредиПештерата Лумелунда се наоѓа во Лумелунда, околу 13 километри северно од Визби.
Пештерата е карстна пештера, формирана од површинската вода која тече низ пукнатините во варовниците на Долна Висби. Кога површинската вода ќе се сретне со подземните води, таа почнува да го раствора варовникот и да ги проширува пукнатините во премини и сали.[1] Таа е една од најдолгите пештери во Шведска; истражениот дел од неа е речиси 4,5 километри долго.[1]
Пронајдени се 33 дупки во главниот канал што ја води водата од калта Мартебо до пештерата. Во областа западно од карпата има пет извори. По испуштањето на калта, протокот на вода во каналот значително се намалил, од 5,5 м^3/s во 1948 година, до 1,4м^3/s во 1977 година. Ова довеlo до исчезнување на некои од длабочините. За време на сушните лета постои опасност пештерата целосно да се исцеди.[2]
Пештерата е грубо поделена на два дела: еден сув, исто така наречен фосилен систем, и влажен, активен дел. Во сувиот дел може да се најдат голем број фосили и сталактитни образби. Пештерата има релативно стабилна клима со влажност од 95–100%. Според извор од 1989 година, температурата е во просек 7°С и се забележани флуктуации на температурата како резултат на многубројните посетители. Извор од 2011 година, наведува дека температурата е 8-12 °С.[1][2]
Природен резерват
уредиПрироден резерват за заштита на пештерата Лумелунда, беше основан на 20 март 1989 година. Резерватoт е 17 хектари; ја вклучува пештерата и соодветната област над земјата и се нарекува природен резерват на пештерата Лумелунда (Naturreservatet Lummelundagrottan).[2]
Биологија
уредиНајмалку 83 различни видови на животни, вклучувајќи црви, пајаци, стоногалки, ракови, бубачки, пеперутки, риби, глувци и лилјаци, се пронајдени во пештерата.[9] Растенијата растат во близина на вештачката светла во надворешните делови на пештерата. Бидејќи растенијата не се негов природен дел, тие се отстрануваат за да се одржи околината што е можно пооригинална. Многубројните посетители имаат негативно влијание и врз биологијата на пештерата.[2]
Пределот над пештерата, кој исто така е дел од природниот резерват, се одликува со карстификација на областа. Пресечено е со стрмни карпа што се протегат во правец север-југ низ резерватот. Источниот дел на врвот на карпата е покриен со борова шума, а западниот дел помеѓу карпите и брегот се пасишта со листопадни дрвја.[2]
Туризам
уредиПештерата Лумелунда е отворена за јавноста од 1959 година.[5] Ја посетуваат околу 100.000 луѓе секоја година, што ја прави најпосетуваната пештера во Шведска,[10] и една од главните туристички атракции на Готланд.[5] „Планинската кралска сала“ и „Капелата“ (тие заедно се нарекуваат Пештера на посетителите) се вклучени во редовните тури. Можно е да се оди и уште 500 метри во пештерскиот систем со специјалните тури. Овие тури бараат обучен водич и посетителите треба да носат специјална опрема и да користат мали чамци.[5]
Галерија
уреди-
Образбата на сталактити и сталагмити позната како семејството на Исус во пештерата
-
Сталактитна перде и сламки во Пештерата на посетители
-
Влезот на туристот во пештерата
-
Влезот на пештерата Лине
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Lummelundagrottan“ [The Lummelunda Cave]. The County Administrative Boards of Gotland County. Архивирано од изворникот на 26 August 2011. Посетено на 26 August 2011.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Bildande av naturresrevatet Lummelundagrotta i Lummelunda socken, Gotlands Kommun“ [Establishing the Lummelunda Cave nature reserve in Lummelunda socken] (PDF). www.lansstyrelsen.se (шведски). The County Administrative Boards of Gotland County. 20 March 1989. Посетено на 20 June 2015.
- ↑ Lundberg, Erik B. (1939). Lummelunds bruk: anteckningar om de gotländska järnbruken [Lummelunda Factory: Notes about the Gotlandic ironworks]. Jernkontorets bergshistoriska skriftserie, 0347-4283 ; 8. Stockholm: Jernkontoret.
- ↑ Tell, Leander (1961). „Grottorna i Lummelunda“ [The cave at Lummelunda] (PDF). www.grottor.se. Geologiska Föreningen. стр. 86–89. Посетено на 19 June 2015.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Klint, Kerstin. „Följ med oss till Lummelundagrottorna“ [Come with us to the Lummelunda Caves]. www.gotland.net. Gotland.net. Архивирано од изворникот на 2018-03-21. Посетено на 20 June 2015.
- ↑ Olsson, Lars (2005). Berga-kungens sal: tre pojkar finner vägen till Lummelundagrottans inre [The Mountain King's Hall: three boys finds the way into the Lummelunda Cave] (шведски) (2. изд.). Klintehamn: Lars Olsson. ISBN 91-631-7236-4.
- ↑ „Lars Olsson Obituary“. www.helagotland.se. Helagotland.se. 7 November 2011. Архивирано од изворникот на 2021-11-12. Посетено на 18 June 2020.
- ↑ Jarl, Lars-Gunnar (2 January 2014). „Percy Nilsson död“ [Percy Nilsson dead]. www.speleo.se. Sveriges Speleologförbund. Посетено на 20 June 2015.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 Åström, Lars-Erik (1986). „Grottor i Sverige“ [Caves in Sweden] (PDF). www.speleo.se (шведски). Svenska Turistföreningens förlag. стр. 46–48. Архивирано од изворникот (PDF) на 29 July 2016. Посетено на 20 June 2015.
- ↑ Åström, Lars-Erik (1986). „Grottor i Sverige“ [Caves in Sweden] (PDF). www.speleo.se (шведски). Svenska Turistföreningens förlag. стр. 3. Архивирано од изворникот (PDF) на 29 July 2016. Посетено на 20 June 2015.
Надворешни врски
уреди- Слики од пештерата Лумелунда
- Обиколка низ пештерата Лумелунда Архивирано на 19 декември 2019 г.