Пештерата Љубачево е пештера која се наоѓа во селото Љубачево, на територијата на градот Бања Лука, оддалечена 14 километри од центарот на градот Бања Лука, во Република Српска, Босна и Херцеговина. Се наоѓа на надморска височина од 420 метри.[1] До отворањето на каменоломот, должината на пештерата била 700 метри, а сега изнесува само 338 метри, бидејќи делот на подземниот систем е трајно уништен поради работењето на рудникот.[2]

Единствена е по исклучително ретките облици на ексцентричен накит (хеликтит)[2], кој спротивно од физичките закони и гравитацијата виси во сите правци како наелектризирана коса.[3] Освен тоа, во пештерата се пронајдени големи саливи, сталагмити, сталактити пештерски столбови и бригрени кади.

Пештерата се состои од[1]:

  • Влезен канал мал наклон, со вертикално издолжен отвор ориентиран кон југоисток и од едната страна е преграден со голем салив. Влезот е со ширина од 1,20 м височина и 3 м широчина.
  • Високи дворани највисока морфолошка целина во пештерата е со висина од 10 м, просечна ширина од 6-9 м. Дното е прекриено со мокра глина, која со својот облик укажува на фактот дека со текот на морфолошката еволуција тука циркулирало огромно количество на подземни води.
  • Слеп канал се наoѓа северозападно од високата кула и има мало искачување на својот почетен дел. Неговото дно е прекриено со калцитна кора и мокра иловица. Страните на каналот се прекриени со пештерскиот накит.
  • Дворана на сталагмит во која се влегува низ високата дворана, преку тешко проодното намалување на височината од 0,5 м. Го добила името по привлечната група на големи сталагмити, пронајдени во текот на првите посети на спелолог, од кои во двораната денес се присутни само неколку примероци, бидејќи едниот дел од сталагмитите ги однеле „посетителите", пред да биде поставена капијата на влезот од која се влегува од Високата дворана, преку потешко проодната скратена висина од 0,5 м. Дното на двораната е покриена со калцитни наслаги и мави бигрени кади, додека на бочните страни се наоѓаат хеликтити и крупни кристали калцити.
  • Калцитна дворана (со северозападен и југоисточен крак) е најдолга и најинтересна дворана, со вкупна должина од 103 м.
  • Колапс со спуст од 6 м, хидролошки е најактивен, најинтересен и најнепрооден дел од пештерата, во кој приstapot е можен само со спуштање и качување, преку речиси вертикални страни.
  • Двораната Последен хоризонт се наоѓа во продолжение на Колапс и како завршен дел на пештерата. Најголемата висина му е 8 м, со голема концентрација на таваничен пештерски накит, особено со хеликтити

Иако само делумо сочувана во изворниот облик на пештера во каменоломот Љубачево со своите димензии и одлики спаѓа во 15 најзначајни спелеолошки објекти во Република Српска, која ја прикажува природата на развој на овој варовнички предел. Затоа што не е хидролошки активна и делумно уредувана, зачувани се поголемиот дел од нејзините природни одлики.[1]

Се наоѓа под заштита на Завод за заштита на културното, историското, и природното наследство на Република Српска и спаѓа во природно богатство од I и II категорија[1]. Прогласена е за природен споменик во април 2008 година.[2][4]

Извори

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Пећина у каменолому Љубачево, Елаборат, Републички завод за заштиту културно-историјског и природног наcљеђа Републике Српске, Бањалука (2007)
  2. 2,0 2,1 2,2 Републички завод за заштиту културно-историјског и природног наcљеђа Републике Српске: Споменик природе пећина „Љубачево"; 2008, Посетено на 20. 12. 2012.
  3. Југоисточна Србија: Церјанска пећина Архивирано на 2 април 2015 г., Посетено на 20. 12. 2012.
  4. Службени гласник Републике Српске: Одлука о заштити споменика природе Пећина Љубачево, 3. 4. 2008., Посетено на 20. 12. 2012.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Предлошка:Пећине Републике Српске