Печерски парк (Киев)
Печерскиот парк (украински: Печерський парк), или во превод на македонски, пештерски парк, се наоѓа во Киев, Украина.
Печерски парк Печерський парк | |
Парк | |
Пејзаж на Печерскиот парк
| |
Земја | Украина |
---|---|
Округ | Печерски реон |
Град | Киев |
Знаменитост | Национален музеј на историјата на Украина во Втората светска војна |
Паркот бил создаден во 1981 година како продолжување на неколкуте урбани паркови по падините на реката Днепар, односно во времето на изградбата на Националниот музеј на историјата на Украина во Втората светска војна.
Вкупната површина на паркот е 43,7 хектари. Се наоѓа на падините на Киевско-печерската лавра.