Пеце Димитровски

македонски ракометар

Пеце Димитровски ( 1942 во Битола - 10 февруари 2016 во Битола)[1]македонски ракометар и тренер, еден од основоположниците на ракометната игра и воопшто спортот во Битола.[2]

Пеце Димитровски
Лични податоци
Име и презиме Пеце Димитровски
Роден(а) 1942
Битола, Царство Бугарија
Починал(а) 10 февруари 2016(2016-02-10) (возр. 73–74)
Битола, Македонија
Националност Македонија Македонец
Спорт Ракомет
Клупски податоци
Сениорски клубови
Работник (Битола), Железничар (Ниш), Велес, Пелагонија (Битола)
Репрезентација
  Македонија, Југославија

Животопис

уреди

Целиот живот на Пеце Димитровски е врзан за ракометот, во младоста како ракометар, а подоцна како тренер. Неговите стапки ги следат син му Златко Димитровски кој долги години настапувал за битолскиот ракометен клуб Пелистер и во Унгарија, како и неговиот внук Иван Димитровски кој настапува за младинската екипа на Вардар.[1]

Професионална кариера[2]

уреди
  • РК Работник (Битола) (1957-1964)
  • РК Железничар (Ниш) (1964-1966)
  • (Велес) (1966-1969)
  • РК Пелагонија (Битола) (1969-?)

Настапи за репрезентацијата на Македонија

уреди

Во 1962 и 1968 г. настапува за Ракометната репрезентација на Република Македонија.[2]

Настапи за репрезентацијата на СФРЈ

уреди

Во 1968 година ги брани боите на СФРЈ на средбите со Полска и Демократска Република Германија.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Почина легендарниот ракометар Пеце Димитровски
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Значајни личности за Битола Култура - НУУБ „Климент Охридски“ Битола, 2010, ISBN 978-608-4538-16-5, COBISS.MK.ID 18622017