Петранка Мишевска

Д-р Петранка Мишевска ( 1950 во Ваташа — ) — македонски доктор и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.[1]

Животопис

уреди

Потекнува од семејството Еленови од Ваташа. Нејзините дедовци по мајка Петре и Диме Еленови се загинати во Тиквешкото востание од 1913 година. Вујковците на нејзиниот татко Благој, Јанко, Емануел, Стефан, Методија и Лазар Бакалови се познати интелектуалци, трговци и занаетчии од ова село.[1]

Завршила Медицински факултет во Скопје во 1974 година како најдобар студент на генерацијата за што добила и специјална награда од Универзитетот. По дипломирањето се вработила во Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија при Медицинскиот факултет во Скопје, каде завршила специјализација по интерна медицина. Во 1989 ги завршила постдипломските студии, докторирала и била избрана во наставни звања: асистент, доцент и професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Нејзината докторска дисертација е од областа на интравенозната исхрана кај тешките болни.[1]

Објавени трудови

уреди

Д-р Митевска е автор на првиот учебник на македонски јазик за венозна исхрана (Парентерална исхрана. 1994). Исто така таа е автор на поглавија во учебниците: Современа дијагностика и терапија во медицината (2000) и Клинички испитувања во интерната медицина интерна пропедевтика (2004).[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 423. ISBN 978-608-4621-04-1.