Петер Шмејхел
Дански фудбалер
Пeтер Болеслав Шмајхел МБЕ (роден на 18 ноември 1963 година) е дански поранешен професионален фудбалер кој настапувал како голман. За време на осум сезони во англискиот клуб Манчестер Јунајтед, тој бил капитен на клубот до победата во финалето на Лигата на шампионите на УЕФА во 1999 година за да ја комплетира тројната круна. Тој го освоил и УЕФА Евро 1992 година со својата родна земја Данска. Тој е татко на Каспер Шмејхел, голман на француска Ница.
Петер Шмејхел MBE | |||
---|---|---|---|
Петер Шмејхел во 2012 | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 18 ноември 1963 | ||
Роден во | Гладсаксе, Данска | ||
Висина | 1.93 m[1] | ||
Позиција | голман | ||
Младинска кариера | |||
1972–1975 | Хеје-Гладсаксе | ||
1975–1979 | Херо | ||
1979–1981 | Гладсаксе-Херо Болдклуб | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1981–1984 | Гласаксе-Херо | 46 | (0) |
1984–1987 | Видовре | 78 | (6) |
1987–1991 | Брендби | 119 | (2) |
1991–1999 | Манчестер Јунајтед | 292 | (0) |
1999–2001 | Спортинг Лисабон | 55 | (0) |
2001–2002 | Астон Вила | 29 | (1) |
2002–2003 | Манчестер Сити | 29 | (0) |
Вкупно | 648 | (9) | |
Репрезентација | |||
1987–2001 | Данска | 129 | (1) |
Наводи
уреди- ↑ „Peter Schmeichel - Premier League“. Посетено на 31 March 2022.