Петар Челик (Белград, 25 декември 1949) е српски телоградител, трикратен европски првак, како и трикратен светски првак и професор на Универзитетот во Белград. Семејството Челик се преселило во Бачка Паланка каде Петар отворил вежбална, што е неофицијално првиот објект од ваков вид во Југославија.

По повреда на ногата на мраз, тој започнал потајно да вежба со тегови и со тек на време станал познат телоградител на поранешна Југославија. Како и забележан учесник на натпревари ширум светот. Неговата сопруга Ирена Челик исто така вежбала телоградба. Промовирајќи здрав дух во здраво тело, Петар Челик се појавил во видеа и телевизиски настапи на „Лабораторија за звук“. Откако престанал со телоградбата, тој започнал да произведува и продава високопротеински производи.

Приватен живот

уреди

Тој има пет деца. Тој израснал во Бачка Паланка каде и денес живее. Во 2009 работел како тренер во Институтот за виткост на тело во Нови Сад, наречен „Петар Челик“ и предавал од 1998 година како професор на универзитетот во Белград. Тој се подготвувал за Светскиот куп на IBFF, што се одржал на 13.11.2010 година. , на кој тој отишол како фаворит со намера да ја освои таа вредна титула по четврти пат.

Надворешни врски

уреди