Петар Митров
Петар Митров (22 јуни 1942 во Миравци - 18 ноември 2019 во Скопје, Македонија) — македонски сликар, спортист.
Петар Митров | |
---|---|
Роден(а) | 22 јуни 1942 |
Починал(а) | 18 ноември 2019 |
Националност | Македонец |
Занимање | ликовен уметник, професор, индустриски дизајнер |
Животопис
уредиПетар Митров е роден на 22 јуни 1942 г. во Миравци, Гевгелија. Во Скопје живее од своето рано детство. Во овој град го стекна основното, осумгодишно образование, љубовта кон градот, неговата архитектура, калдрмите, старата чаршија, градската плажа и прекрасниот градски парк. Тука ги почувствува уметноста, спортот, другарството, опојноста на корзото и градските кина, безгрижноста и слободата на младоста.
По завршувањето на Училиштето за Применета Уметност во Скопје своите студии ги продолжи на Академијата за Применета Уметност во Белград. За завршната работа добива специјална награда од Сојузната стопанска комора. Пет години по катастрофалниот земјотрес, Митров се враќа во новоизграденото Скопје и работи во фабриката Треска во одделите за дизајн и производство на туристички приколки и мебел. Набрзо презема поголема одговорност во улога на технички директор кој своите творби и иновации ги претстави на домашните и странските меѓународни саеми, пазарите и патиштата во Европа.
Со сликарството Петар се занимава од раното детство кога на возраст од 14 години го почувствува мирисот на маслените бои и нивната магична моќ. Заедно со идните сликари и креативци: Кубуровски Спиро, Минов Панче, Костовски Илија и Андонов Петар ги сликаа улиците на Скопје, пејзажите на градската плажа Сарај, Водно и Матка. Во ателјето што им го даде управата на ДТВ ПАРТИЗАН/1, како членови и активни спортисти, деновите ги поминуваа во сликање и вежбање во салата и спортските терен.
Следните 20 години, до неговото пензионирање, Петар работи како професор во ДСУПУ „Лазар Личеноски“, во отсекот за ентериери и мебел.
Петар Митров, како пензионер и член на ДЛУМ и ОСТЕН, продолжи неуморно да слика и да твори и учествуваше во многубројни изложби и активности.
По долгогодишно боледување Петар Митров почина на 18 ноември 2019 во Скопје.
Самостојни изложби
уреди1985 - Крушево: Карикатури (Југословенска смотра во спортска рекреациjа).
1989 - Велес: Ликовен салон, Куманово: Уметничка галерија, Штип: Уметничка галерија Безистен.[1]
1990 - Скопје, КИЦ. 1993 - Скопје, КИЦ.
1995 - Тетово, Ликовен салон.
2011 - Скопје, Дом на АРМ
Групни изложби и саеми
уреди1968 - Белград: Сојузна привредна комора.
1971/1985 - Скопје: редовни изложби на ДЛУПУМ.
1971 - Париз (Франција), Белград (Југославија), Загреб (Хрватска): Саем на дизајн и мебел.
1972 - Минхен (Германија), Загреб (Хрватска), Белград (Југославија), Скопје (Македонија): Саем на мебел.
1979/1990 - Торино (Италија), Загреб (Хрватска).
1986 - Скопје: Уметничка галерија Даутпашин амам.
1994 - Скопје: Ликовен клуб КО-РА.
1996 - Скопје Дом на АРМ; Скопје; Ликовен клуб КО-РА.
1996 - Тетово - Ликовна галерија.
2002 - Софија (Бугарија).
2002 - Скопје: Музеј на Град Скопје.
Како член на ДЛУМ и ОСТЕН редoвoнo учествува на сите нивни годишни активности.
Награди
уреди1968 - Белград: Награда за дизајн од Сојузна привредна комора.
1983 - Скопје: Годишна награда на ДЛУПУМ.
1994 - Скопје: Награда за сликарство КО-РА.
Наводи
уреди- ↑ „Петар Митров“. Архива ЗаУм (англиски). 1989-01-01. Архивирано од изворникот на 2021-02-15. Посетено на 2021-02-08.