Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Петар Зинаиќ (починал 2008 година во Белград на 90 годишна возраст) ― поранешен српски партизан кој бил првиот член на силите што биле истражени за воени злосторства од страна на Република Хрватска.

Зинаиќ првично се борел со српското ројалистичко четничко движење, пред да избега кај партизаните.[1] Подоцна служел во разузнавачките служби ОЗНА.

Зинаиќ ја напуштил Хрватска во 1995 година, кога операцијата „Бура“ ставил крај на бунтовничката Република Српска Краина. Потоа се преселил во Белград во Сојузна Република Југославија (денешна Србија). Тој зел голема количина архивски материјал што потоа го дал на Националниот архив на Србија.

Во април 2007 година, тој бил пријавен од хрватското Министерство за внатрешни работи за одговорност во смртта на над 140 луѓе за време на Втората светска војна и нејзините последици.[1] Обвиненијата биле изнесени по откривањето на 360 тела од периодот на Бабина Гора и во шумата Бујадњак.[2] Тој починал пред да биде поднесена пријава против него.

Наводи

уреди