Петар Бојаџиевски
Петар Јованов Бојаџиевски (Кременица, 11 мај 1939) – македонски офталмолог.
Петар Бојаџиевски | ||
Роден | 11 мај 1939 Кременица | |
---|---|---|
Занимање | офталмолог |
Животопис
уредиМедицина завршил во Скопје (1964), специјализирал офталмологија (1974) и работел како офталмолог на Очното одделение во Битола. Примариус станал во 1984 година, а докторирал во Нови Сад (1989).[1]
Трудови и книги
уредиАвтор е на повеќе од 80 стручни трудови и на книгите:
- „Здравството во Битола низ вековите” (1992),
- „Здравството во Битола 1944–2004” (2006),
- „Здравствено-социјалната политика на странските пропаганди во Битола” (2003)
и соавтор на учебникот
- „Одбрани поглавја од офталмологијата” (1996).[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 187. ISBN 978-608-203-023-4.