Песна од разделбата

„Песна од разделбата“ (српскохрватски: Pjesma od rastanka) — југословенски филм од 1979 година, во режија на Даниел Марушиќ, снимен по сценариото на Иван Кушан, работено според мотиви од драмите на Иво Војновиќ. Улогите ги играат: Карло Булиќ, Бисерка Ипша, Иван Вискочил, Тонко Лонза, Хелена Буљан, Нико Ковач, Изет Хајдархоџиќ, Винко Призмиќ, Мартин Бахмец, Круно Шариќ и Ива Марјановиќ.[1]

Синопсис

уреди

Дубровничкиот благородник Никша Прокулиќ се противи на љубовта на неговата ќерка Јела и чешкиот офицер, припадник на австроунгарската војска која во 1814 година го окупира градот. Притоа, приказната за пропаста на Дубровничката Република се испреплетува со приказната за пропаста на старото благородничко семејство...

Наводи

уреди