Пеперутка (филм)
„Пеперутка“ (англиски: Papillon) — американско-француски филм од 1973 година, во режија на Френклин Шафнер. Главните улоги ги играат: Стив Меквин, Дастин Хофман и Виктор Џори.[1]
Синопсис
уредиШариер, наречен Пеперутка поради неговата тетоважа, (го игра Меквин) и луј Дега (го игра Хофман) се двајца француски затвореници кои треба да бидат префлени во Француска Гвајана на отслужување на казната, а дури и да бидат пуштени на слобода, тие не ќе можат да се вратат во Франција. Пеперутката е ограбувач на сефови, но е затворен поради убиство за кое тој тврди дека му е наместено. Дега, пак, е богат фалсификатор кој очекува дека сопругата ќе му помогне да го ослободи. Пеперутката и Дега склучуваат договор според кој Пеперутката ќе го заштитува, а Дега ќе го финансира обидот за бегство. Бидејќи минуваат многу време заедно, наскоро тие се спријателуваат, па нивните планови се менуваат...