Пенис

(Пренасочено од Пенисот)
Оваа е општа статија за пенис кај животните. За човековиот орган видете човеков пенис.

Пенис (латински: penis, во превод „опашка“) — главен полов орган на машките и хермафродитските животни. Органот се користи за оплодување на женката или хермафродитот за време на парењето.[1] Пенисот се сретнува кај голем број животни, како ’рбетници, така и безрбетници. Сепак, важно е да се напомене дека пенисот не е орган кој го поседува мажјакот кај одредени видови животни. Пенисот се користи и за исфрлање на течни отпадни материи од организмот.

Пенис од азиски слон.

Цицачи

уреди

Човек

уреди

Пенисот на човекот воглавно е составен од:

  • корен на пенисот (radix) — прицврстениот дел од пенисот со телото, главест дел (bulbus penis) кој од двете страни има мускулести листови (crus penis). Коренот лежи во перинеалната торба.
  • тело на пенисот — телото има два дела: горен (дорзален) дел (постеросупериорен дел при ерекција) и долен (вентрален) (долниот дел при мека состојба). Вентралната површина има вдлабнатина.
  • епително ткиво — делот е составен од кожа, кожичка од пенис (препуциум; praeputium), а од внатрешноста на кожичката се наоѓа мека епителна површина (preputial mucosa). Кожата ја заштитува главата на пенисот (glans penis).

Наводи

уреди
  1. Janet Leonard; Alex Cordoba-Aguilar R (18 June 2010). The Evolution of Primary Sexual Characters in Animals. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-971703-3. Посетено на 20 July 2013.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди