Пелгер-Хуети аномалија

Пелгер-Хует аномалија претставува крвна ламинопатија која е поврзана со рецепторот на ламин Б,[1] каде што неколку од типовите на бели крвни зрнца (неутрофили и еозинофили) имаат јадра кои имаат необична форма (да се двообрани, во облик на кикирики или тегови наместо нормалната трилобична форма. ) и исто така имаат необична структура (груба и грутка).[2]

Пелгер-Хуети аномалија
СпецијалностХематологија Уреди на Википодатоците
Пелгер-Хует аномалијата има автосомно доминантен модел на наследување.

Тоа претставува генетско пореметување со автосомно доминантен модел на наследување. Хетерозиготите се клинички нормални, иако нивните неутрофили може да се помешаат со незрели клетки кои што може да предизвикаат лош третман во клиничките услови. Хомозиготите имаат тенденција да имаат неутрофили со заоблени јадра кои имаат некои функционални проблеми.

Вродена аномалија Пелгер-Хует

уреди

Вродена аномалија Пелгер-Хует е бениген доминантно наследен дефект од терминалната неутрофилна диференцијација која е како резултат на мутации во генот на рецепторот на ламин Б. Карактеристичниот изглед на леукоцитите првпат бил пријавен дури во 1928 година од Карел Пелгер (1885-1931), холандски хематолог, кој што ги опишал леукоцитите со нивните двооблести јадра во форма на тегови, намален број на нуклеарни сегменти и грубо згрутчување на нуклеарниот хроматин. Во 1931 година, Готје Жан Хует (1879-1970), холандски педијатар, биогенот го идентификувал како наследна болест.[3]

Тоа претставува едно генетско пореметување со автосомно доминантен модел на наследување на идните генерацции.[1][4] Хетерозиготите се клинички во нормала, иако нивните неутрофили има можност да се помешаат со незрели клетки, што може да предизвика лош третман во клинички услови. Хомозиготите имаат тенденција да имаат неутрофили со заоблени јадра кои имаат некои функционални проблеми. Хомозиготните индивидуи неконзистентно имаат скелетни аномалии како што се пост-аксијална полидактилија, кратки метакарпали, кратки горни екстремитети, низок раст или хиперкифоза.

Идентификувањето кое што го направил Пелгер-Хует на аномалија е важно за разликувањето од бандемијата со лево поместена периферна крвна размаска и форми на неутрофилна лента и од зголемување на младите неутрофилни форми кои може да се забележат во асоцијација со инфекција.

Стекнати или псевдо-Пелгер-Хует аномалија

уреди

Аномалиите кои најчесто наликуваат на аномалија од Пелгер-Хует, кои се стекнати наместо вродени, се опишани како псевдо Пелгер-Хует аномалија. За овие амоналии има можност да се развијат во текот на акутна миелогена леукемија или хронична миелогоидна леукемија и кај миелодиспластичен синдром . Тоа е исто така опишано во Филовирус болест.[5]

Кај пациентите со вакви состојби, псевдо-Пелгер-Хует клетките имаат тенденција да се појавуват доцна во текот на болеста и често се појавуваат по примена на значителна хемотерапија. Морфолошките промени се опишани и кај микседемот кој што е поврзан со панхипопитуитаризам, дефицит на витамин Б12 и фолати, мултипен миелом, ентеровирусни инфекции, маларија, мускулна дистрофија, леукемоидна реакција која е секундарна на метастази во коскената срцевина и чувствителност на лекови, токсичност на сулфа и валпроат[6] се примери. Во некои од овие состојби, особено случаите кои се индуцирани од лекови, важно е да се направи разлика помеѓу аномалија Пелгер-Хует и псевдо-Пелгер-Хует за да се спречи потребата од понатамошно непотребно тестирање за рак.

Периферната крвна размаска покажува доминација на неутрофили кои имаат двослојни јадра кои најчесто се составени од две нуклеарни маси поврзани со една тенка нишка од хроматин. Тие наликуваат на очила без рачки. Обично конгениталната форма не е поврзана со тромбоцитопенија и леукопенија, па ако се присутни овие карактеристики е оправдано подетално пребарување за миелодисплазија, бидејќи псевдо-Пелгер-Хует аномалија може да биде рана карактеристика на миелодисплазија.[7]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Hoffmann, Katrin; Dreger, Christine K.; Olins, Ada L.; Olins, Donald E.; Shultz, Leonard D.; Lucke, Barbara; Karl, Hartmut; Kaps, Reinhard; Müller, Dietmar (2002). „Mutations in the gene encoding the lamin B receptor produce an altered nuclear morphology in granulocytes (Pelger–Huët anomaly)“. Nature Genetics. 31 (4): 410–4. doi:10.1038/ng925. PMID 12118250.
  2. „Pelger-Huet anomaly“. Disease Infosearch. Посетено на 2020-04-27.[мртва врска]
  3. Cunningham, John M.; Patnaik, Mrinal M.; Hammerschmidt, Dale E.; Vercellotti, Gregory M. (2009). „Historical perspective and clinical implications of the Pelger-Huet cell“. American Journal of Hematology. 84 (2): 116–9. doi:10.1002/ajh.21320. PMID 19021122.
  4. Vale, A. M.; Tomaz, L. R.; Sousa, R. S.; Soto-Blanco, B. (2011). „Pelger-Huët anomaly in two related mixed-breed dogs“. Journal of Veterinary Diagnostic Investigation. 23 (4): 863–5. doi:10.1177/1040638711407891. PMID 21908340.
  5. Gear, JS; Cassel, GA; Gear, AJ; Trappler, B; Clausen, L; Meyers, AM; Kew, MC; Bothwell, TH; Sher, R (1975). „Outbreake of Marburg virus disease in Johannesburg“. British Medical Journal. 4 (5995): 489–93. doi:10.1136/bmj.4.5995.489. PMC 1675587. PMID 811315.
  6. Singh, Nishith K.; Nagendra, Sanjai (2008). „Reversible Neutrophil Abnormalities Related to Supratherapeutic Valproic Acid Levels“. Mayo Clinic Proceedings. 83 (5): 600. doi:10.4065/83.5.600. PMID 18452694.
  7. Pelger-Huet AnomalyeMedicine (англиски)