Карлица
(Пренасочено од Пелвис)
Карлица или пелвис (латински: pelvis) — масивен коскен појас формиран од карличните коски споени со сакрумот и тртичната коска. Карлицата е сместена во долниот дел на трупот под стомакот и меѓу бутовите, нејзината улога е да ја пренесува тежината на телото од ’рбетниот столб на долните екстремитети.
Карлица | |
---|---|
Женска карлица | |
Машка карлица | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | Pelvis |
TA | A01.1.00.017 |
Делови
уредиНа карлицата се разликуваат:
- две карлични коски (латински: os coxae);
- крсна коска (латински: os sacrum);
- гранична линија (латински: linea terminalis), со помош на граничната линија карлицата е поделена на:
- голема карлица (латински: pelvis major), ограничена е со двете бедрени јами и крсната коска;
- мала карлица (латински: pelvis minor) од задната страна стрчи промонториумот и претставува коскен канал отворен на двата краја;
- горен отвор, кај мажите е со кружна форма, а кај жените е напречно- валчест, големината на горниот отвор кај женската карлица има големо практично значење поради текот и исходот на породување.
Функции
уредиНајзначајни функции на карлицата се:
- функција на поврзување, карлицата се поврзува со ’рбетниот столб од задната страна и со бутните коски од предната страна, се поврзува и со некои групи на мускули;
- потпорна функција, карличниот појас е многу поцврст и посилен во споредба со раменскиот појас и претставува поткрепа на долниот дел од трупот;
- заштитна функција, карлицата ги штити органите (делови од уринарниот тракт, внатрешни репродуктивни органи) сместени во карличната празнина.
Зглобови
уредиКарлицата е поврзана со:
- крснобедрен зглоб (латински: articulatio sacroiliaca) го градат ушестите зглобни површини (латински: facies auricularis) од крсната и карличната коска. Зглобот е полуподвижен и во него се вршат мали движења при пренесување на тежината од телото на долните екстремитети;
- срамна симфиза (латински: symphysis pubica), срамната симфиза е неподвижен рскавичен спој што ги соединува предните краишта од двете срамни коски.
Галерија
уреди-
Пречници на карличниот влез.
-
Двете карлични коски (лева и десна) во состав на карлицата.
-
Скршеница на карлица.
-
Предна и задна страна на карлицата.
-
Карлица