Сила или Шила (57 п.н.е.[1] – 935 н.е.) (хангул신라 [ɕiɭ.ɭa]) било корејско кралство сместено на јужните и централните делови од Корејскиот Полуостров. Сила, заедно со Пекче и Когурјо, била едно од Трите корејски кралства.

Сила
新羅 (Ханча)
신라 (Хангул)
斯羅火 (старокорејски)
Sirapir
Знаме Кралски печат
Местоположба на Silla
Главен градСеорабеол
Уредување Монархија
Законодавство Хвабек

Државата ја основал Бак Хјеокгеос од Сила, од семејството Парк, корејска [2] династија со која управувал кланот Ѓеонгџу Гим (Ким) (김, 金) 586 години, кланот Мирјанг Бак (Парк) (박, 朴) 232 г. години и кланот Волсеонг Сеок (석, 昔) 172 години. Прво била поглаварство од Самхански конфедерации, па се здружил со Суи Кина, а потоа и со Танг Кина, и на крајот ги освоила другите две кралства, Пекче во 660 година и Когурјо во 668 година. Потоа, Обединета Сила го зафаќала поголемиот дел од Корејскиот Полуостров, а на северниот дел се појавила Балха, држава наследничка на Когурјо . По речиси 1.000 години владеење, Сила се расцепкала на краткотрајните доцни три кралства: Доцна Сила, Доцен Пекче и Таебонг, за во 935 година да биде освоена од Корјо.[3]

Историја

уреди

Историјата на Сила се дели на три периоди: ран (57 п.н.е. - 654), среден (654-780) и доцен (780-935) период.

Според корејските записи, Сила била основана од Бак Хјеокгеос од Сила во 57 п.н.е., околу денешен Ѓеонгџу. Се вели дека Хјеокгеос бил изведен од јајце снесено од бел коњ, а кога наполнил 13 години, шест кланови му се покорувале како крал.

Наемул од Сила (356–402) од кланот Гим воспоставил наследна монархија и ја зел кралската титула Марипган (麻立干; 마립간).

Во 377 година, Сила испратила емисари во Кина и воспоставила односи со Когурјо. Соочени со притисок од Пекче на запад и Јапонија на југ,[4] во втората половина од 4 век, Сила се здружила со Когурјо. Откако Когурјо почнал да ја шири својата територија на југ, преместувајќи го својот главен град во Пјонгјанг во 427 година, Нуљи од Сила бил принуден да се здружи со Пекче.

За време на Беофеунг од Сила (514–540), Сила била кралство во вистинска смисла, со будизмот како државна религија и свое име од корејската ера. По Војните меѓу Гаја-Сила, Сила во кралството ја вклучила конфедерацијата Гаја и го припоила Геумгван Гаја во 532 година и го освоила Даегаја во 562 година, со што ги проширила нејзините граници до сливот на реката Накдонг.

Џинхеунг од Сила (540–576) воспоставил силна војска. Сила му помогнала на Пекче да го избрка Когурјо од областа на реката Хан (Сеул), а потоа, во 553 година од Пекче ја презела контролата врз целиот стратешки регион со што го прекршила 120-годишниот сојуз Баекје-Сила. Исто така, кралот Џинхеунг ја основал елитната единица Хваранг.

Обединета Сила

уреди

Во VII век Сила се здружила со кинеската династија Танг. Во 660 година, под Мујеол од Сила (654-661), сојузот Сила-Танг го потчинил Пекче. Во 668 година, сојузот Сила-Танг го освоил Когурјо. Потоа, Сила речиси една деценија се борела против династијата Танг за да ги протера кинеските сили од полуостровот и да ги спречи да создадат колонии на Танг. На крај основале обединето кралство кое на север се протегало до денешен Пјонгјанг.[5] На северниот дел од државата Когурјо која веќе не постоела, подоцна се појавила држава под име Балхае.

Средниот период на Сила се одликува со зголемување на моќта на монархијата за сметка на благородништвото јингол. Ова било овозможено со новото богатство и престиж стекнати како резултат на обединувањето на полуостровот од страна на Сила, како и со успешното задушување на неколку вооружени аристократски бунтови од страна на монархијата, што на кралот му дало можност од централната власт да ги исчисти најмоќните семејства и ривали.

Средниот период на Сила завршил со атентатот на Хјегонг од Сила во 780 година. Смртта на Хјегонг била крвава кулминација на долготрајната граѓанска војна во која биле вклучени повеќе високи благороднички семејства во кралството.

Пад на кралството

уреди

Последниот век и половина од државата Сила бил пропратен со постојани превирања и граѓанска војна, бидејќи кралот бил сведен на само фигура, а моќните аристократски семејства доминирале надвор од главниот град и кралскиот двор.

На крајот од овој период, наречен период на доцните три кралства, накратко се појавиле кралствата на Доцен Пекче и Таебонг, а на крајот Сила била потчинета од династијата Корјо.

Наводи

уреди
  1. 57 BCE according to the Samguk Sagi; however Seth 2010 notes that "these dates are dutifully given in many textbooks and published materials in Korea today, but their basis is in myth; only Goguryeo may be traced back to a time period that is anywhere near its legendary founding."
  2. "...the first united Korean nation-state was established by the Silla Dynasty" The Two Koreas and the Great Powers, p. 48. Cambridge University Press.
  3. „사단법인 신라문화진흥원 - 신라의 역사와 문화“. Архивирано од изворникот на 2008-03-21. Посетено на 2008-03-08. Retrieved on 2008-03-08
  4. Allen, Chizuko T. (2003). „Prince Misahun: Silla's Hostage to Wa from the Late Fourth Century“ (PDF). Korean Studies. 27: 1–15. doi:10.1353/ks.2005.0002. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2022-04-17.
  5. Encyclopedia of World History, Vol II, P371 Silla Dynasty, Edited by Marsha E. Ackermann, Michael J. Schroeder, Janice J. Terry, Jiu-Hwa Lo Upshur, Mark F. Whitters, ISBN 978-0-8160-6386-4

Надворешни врски

уреди