Паљухорска тврдина

тврдина кај Паљухор, Касандриско, Егејска Македонија

Паљухорска тврдина грчки: Καστέλλι Παλαιοχωρίου Χαλκιδικής) или Непоси (Νέπωσι) — средновековна тврдина во средиштето на Халкидичкиот Полуостров, Егејска Македонија.

Паљухорска тврдина
Καστέλλι Παλαιοχωρίου Χαλκιδικής / Νέπωσι
Поглед на тврдината
Карта
МестоПаљухор, Касандриско
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°27′08″N 23°37′54″E / 40.4523° СГШ; 23.6316° ИГД / 40.4523; 23.6316
Видтврдина
Површина1,5 ха
Историја
Раздобјеантика и среден век
Прогласено заспоменик на културата

Тврдината се наоѓа на рид на планината Холомонда, југозападно од селото Паљухор, Касандриско и претставува најголемата твтдина на Халкидик. Единствениот пат кон тврдината е тесна стрмна патека. Од три страни е заобиколена со Пљухорска Река, која тече во длабока клисура со висина од 30-40 м. Зафаќа површина од 1,5 ха, а бедемот има обиколка од 800-1000 м.

Изградена е во V век и тешко оштетена во втората половина на XIV век, кога е напуштена.[1]

Паљухорската тврдина е прогласена за археолошки споменик.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Κάστρο Νέπωσι“. Δήμος Αριστοτέλη. Посетено на 13 јуни 2014.