Пасош е расказ од норвешкиот писател Јохан Борген. Расказот е објавен на македонски јазик во 2011 година, од издавачката куќа „Темплум“, како дел од збирката „Пат околу светот во 20 раскази“. Преводот на македонски јазик го извршил Владимир Коробар.

Содржина уреди

Во расказот се опишуваат сложените односи кои настануваат во односите на луѓето со бирократските институции. Еден човек чека во редот за пасошка контрола, заедно со другите патници од авионот кој штотуку пристигнал. Редот застанува кога контролорот се сомнева во еден патник, бидејќи фотографијата во пасошот не одговара на лицето на сопственикот на пасошот. Тогаш, главниот лик му приговара на полицаецот и поради тоа, него го задржуваат, а потоа го носат во една канцеларија, а сите други патници ги пуштаат да поминат. Во канцеларијата следува обемно и мачно испрашување и службениците го обинуваат човекот дека пасошот не е негов, бидејќи на фотографијата се наоѓа човек со очила и со мустаќи. Исто така, кога шефот на контролорите ќе побара од човекот да чекори, тој куца на десната нога, иако во пасошот пишува дека е куц на левата нога. Сето тоа уште повеќе го зголемува сомневањето кај полицајците и тие му го прегледуваат и куферот. Повторно следува долго испрашување при што незабележливо улогите се менуваат: патникот седнува на бирото, а шефот на контролорите стои и притоа, патникот е тој што го испрашува шефот. На крајот, заѕвонува телефонот и шефот добива инструкции да го пушти патникот.[1]

Наводи уреди

  1. Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 15-37.