Парјаски јазик (руски: язык Парья) ― изолиран средиштен индоариски јазик што е зборуван во пограничниот регион помеѓу Таџикистан и Узбекистан. Во светот има неколку илјади говорници.

Парјаски јазик
Застапен воТаџикистан, Узбекистан, Авганистан
ПодрачјеХисарска Долина, Сурхандарјаски слив
Говорници1,600 во Таџикистан  (2017)[1]
2,600 вкупно (без датум)[1]
1,000 во Узбекистан (без датум)[2]
изумрен во Авганистан (без датум)[3]
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3

Класификација и статус

уреди

Парјаскиот е класифициран како јазик од средишно индоариски јазици[4] во семејството на индоариски јазици.[5]

Таџузбечки (таџузбеки или таџ-узбеки) било алтернативно име измислено од Боланат Тивари за истиот јазик.[6] Голем дел од академското истражување во документирањето и одликувањето на парјаскиот го направи истакнатиот советски јазичар Јосеф Михајлович Орански. Јазикот може да се нарече и како Афгана-Ји Насфуруш, Авгана-Ји Сијаруи, Чангарс, Лагмани или Пбарја.[7]

Организацијата SIL International проценува дека може да има помеѓу 2.500 и 7.500 говорници.[8][9]

Јазикот не е службено признат ниту се користи во училиштата[10] и е категоризиран како сериозно загрозен.[11]

Говорници на парјаскиот јазик

уреди

Парја се зборува во Хисарската Долина во Таџикистан, западно од Душанбе и соседниот слив на Сурхандарја во Узбекистан, вклучувајќи ги градовите Хисар, Шахринав, Регар/Турсунзода, Сурчи, Афгонобод, Калај Хисар, Правда Восток, Болој Канал, и Колкхози Ленинизм.

Јазикот најчесто се зборува со семејството и роднините, а речиси секогаш се зборува во домовите на мајчин јазик.[12]

Говорниците на парјаскиот имаат тенденција да бидат двојазични на преовладејувачките јазици што ги опкружуваат,[13] но имаат тенденција исклучиво да го користат парјаскиот дома.[14]

Таџикистанскиот јазик има сè повеќе влијание врз парјаскиот.[15]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Парјаски јазик на Ethnologue (23. изд., 2020)
  2. Јазици во Узбекистан Архивирано на 31 декември 2014 г. на Lewis, M. Paul, уред. (2009). Ethnologue: Languages of the World (XVI. изд.). Dallas, Texas: SIL International.
  3. Парјаски јазикEthnologue (17th ed., 2013)
  4. „Did you know Parya is threatened?“. Endangered Languages (англиски). Посетено на 22 ноември 2022.
  5. Abbess, Elisabeth; Muller, Katja; Paul, Daniel; Tiessen, Calvin; Tiessen, Gabriela (мај 2010). „Language Maintenance Among the Parya of Tajikistan“. Посетено на 22 ноември 2022.
  6. Tiwari, Bholanath (1970). Tajuzbeki. National Publishing House.
  7. „Parya“. Ethnologue. Посетено на 22 ноември 2022.
  8. Abbess, Elisabeth; Muller, Katja; Paul, Daniel; Tiessen, Calvin; Tiessen, Gabriela (мај 2010). „Language Maintenance Among the Parya of Tajikistan“. Архивирано од изворникот на 2017-08-21. Посетено на 22 ноември 2022.
  9. Brenzinger, Matthias (1 јануари 2007). Language Diversity Endangered (англиски). Walter de Gruyter. ISBN 9783110170504.
  10. Clifton, John. „Stable Multilingualism in Tajikistan“. Наводот journal бара |journal= (help)
  11. ChartsBin. „Number of Endangered Languages by Country“. ChartsBin. Посетено на 22 ноември 2022.
  12. „Did you know Parya is threatened?“. Endangered Languages (англиски). Посетено на 22 ноември 2022.
  13. Abbess, Elisabeth; Muller, Katja; Paul, Daniel; Tiessen, Calvin; Tiessen, Gabriela (May 2010). „Language Maintenance Among the Parya of Tajikistan“. Посетено на March 6, 2021.
  14. Barbara F. Grimes, Richard Saunders Pittman, Joseph Evans Grimes, "Ethnologue: Languages of the World", Summer Institute of Linguistics, 1996; ISBN 0-88312-815-2, ISBN 978-0-88312-815-2
  15. Moseley, Christopher (1 јануари 2010). Atlas of the World's Languages in Danger (англиски). UNESCO. ISBN 9789231040962.

Надворешни врски

уреди