„Парови“роман на американскиот писател Џон Апдајк.

Осврт кон романот уреди

„Парови“ ги прикажува односите меѓу десет млади парови кои од сексот создаваат еден вид култ. Кога се појавил, романот бил остро нападнат поради отвореноста во прикажувањето на сексуалноста, но истовремено бил фален поради уметничкиот, заводлив и суров пристап кон љубовта, бракот и неверството во САД. „Њујорк тајмс“ ја оценил книгата како генијална, а според списанието „Атлантик мантли“, „не постои ниту еден друг роман, дури ни во овие години на сексуална слобода, кој е толку сексуално отворен, директен во прикажувањето, раскошен во сексуалноте активности“.[1]

Наводи уреди

  1. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 4.