Парламентарни избори во Германија (јули 1932)

Парламентарни избори во Германија, јули 1932 — парламентарни избори одржани во Германија на 31 јули 1932, по предвременото распуштање на Рајхстагот. На овие избори значителен број на места освоила Нацистичката партија, што за првпат станала најголема партија во парламентот иако не освоила мнозинство. И покрај тоа што комунистите останале силни во парламентот, анти-републиканските партии заедно постигнале мнозинство со тоа правејќи го формирањето на (мнозинска) влада од страна на про-републиканска коалиција невозможно.

Парламентарни избори во Германија (јули 1932)
Германија
1930 ←
31 јули 1932 → ноември 1932

608 места во вајмарскиот Рајхстаг
305 места места за мнозинство
Излезност 70,84%
  Прва партија Втора партија Трета партија
 
Водач Адолф Хитлер Ото Велс Ернст Телман
Партија НСДАП СПД КПД
Водач од 28 јули 1921 1919 октомври 1925
Последни избори 107 места, 18,25% 143 места, 24,53% 77 места, 13,13%
Освоени места 230 133 89
Промена во местата 123 10 12
Добиени гласови 13.745.680 7.959.712 5.282.636
Удел 37,27% 21,58% 14,32%
Придобиени 19,02% 2,55% 1,19%

  Четврта партија Петта партија Шеста партија
 
Водач Лудвиг Кас Алфред Хугенберг Хајнрих Хелд
Партија Центар ДННП БВП
Водач од септември 1928 1928 27 јуни 1924
Последни избори 68 места, 11,81% 41 место, 7,03% 19 места, 3,23%
Освоени места 75 37 22
Промена во местата 7 4 3
Добиени гласови 4.589.430 2.178.024 1.192.684
Удел 12,44% 5,91% 3,23%
Придобиени 0,63% 1,12% 0,14%

канцелар пред изборите

Франц фон Папен
Независен

Избран за канцелар

Нема (фон Папен останал неизбран канцелар)

Заднина

уреди

По 1929, Германија страдала поради Големата депресија каде што невработеноста пораснала од 8,5% на скоро 30% во периодот помеѓу 1929 и 1932,[1] додека индустриското производство опаднало околу 42%.[1]

Во 1930 владеачката коалиција од про-републикански партии - Социјалдемократите, Центристичката партија и две либерални партии се распаднала. Претседателот Хајнденбург тогаш воспоставил малцинска влада на чело со центристот Хајнрих Брининг кој можел да владее само преку претседателски итни овластувања и наредби. Подоцна, на изборите во 1930, демократските партии го изгубиле мнозинството во Рајхстагот, губејќи ги шансите за формирање влада. На овие избори Нацистичката партија на Хитлер достигнала национална популарност односно станала најголемата партија во парламентот.[1] Политиките на Брининг имплементирани преку претседателски декрет и толерирани од страна на парламентот, неуспеале да ја решат економската криза со тоа ослабувајќи го парламентарниот систем.

Во март 1932 на претседателските избори бил избран независниот кандидат и фелдмаршал Паул фон Хинденбург кој бил поддржуван од про-републиканските партии, против Хитлер и комунистичкиот кандидат Ернест Телман. Хитлер освоил околу третина од гласовите, а потоа бил поразен во вториот круг од страна на Хинденбург, кој се здобил со тесно мнозинство.[1] Сепак, по неговата победа, Хинденбург постепено се движел кон политичката десница за на крајот на мај во 1932 го разреши Брининг како канцелар, заменувајќи го со Франц фон Папен (отпадник од Центристичката партија) како и назначување на непартиски „кабинет на барони“. Кабинетот на Папен немал скоро никаква поддршка во парламентот и само три дена по неговото назначување, претседателот го распуштил Рајхстагот и прогласил нови избори кои се одржале на 31 јули, поради тоа што парламентот не можел веднаш да го разреши кабинетот.[2]

Кампањата на изборите била насилна поради тоа што Папен ја укинал забраната на нацистичката паравоена организација СА, која Брининг ја забранил за време на последните денови од неговиот мандат. Ова неизбежно било проследено со судири со комунистичките паравоени организации.

Изборите резултирале со големи придобивки на Нацистичката партија, која со освоени 230 пратенички места за првпат станала најголемата партија во парламентот. Нацистичката партија како и претседателот Хајнденбург немале владејачко мнозинство додека останатите партии одбивале формирање на коалиција. Ниедна партија немала мнозинство ниту пак била формирана коалиција со цел создавање мнозинство.[2] Малцинската влада на Папен траела кратко со тоа што биле распишани нови парламентарни избори во ноември истата година.

Резултати

уреди
Партија Бр. на гласови Процент Промена Освоени места +/-
Националсоцијалистичка германска работничка партија 13.745.680 37,3 % +19,0 % 230 +123
Социјалдемократска партија на Германија 7.959.712 21,6 % −2,9 % 133 −10
Комунистичка партија на Германија (KPD) 5.282.636 14,3 % +1,2 % 89 +12
Центристикчка партија 4.589.430 12,4 % +0,6 % 75 +7
Германска национална народна партија 2.178.024 5,9 % −1,1 % 37 −4
Баварска народна партија 1.192.684 3,2 % +0,2 % 22 +3
Германска народна партија 436.002 1,2 % −3,3 % 7 −23
Германска државна партија 373.339 1,0 % −2,8 % 4 −16
Христијанско-социјална народна служба 364.543 1,0 % −1,5 % 3 −11
Рајхпартија на германската средна класа 146.876 0,4 % −3,5 % 2 −21
Германска земјоделска партија 137.133 0,4 % −0,6 % 2 −4
Земјоделска лига 96.851 0,3 % −0,3 % 2 −1
Христијанско-национална селанска и земјоделска партија 90.554 0,3 % −2,8 % 1 −18
Рајхпартија за граѓански права и дефлација 40.825 0,1 % −0,7 % 1 +1
Други 248.065 0,7 % −0,2 % 0 −7
Вкупно 36.882.354 100,0 %   608 +31

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 The Holocaust Chronicle PROLOGUE: Roots of the Holocaust Архивирано на 1 јануари 2015 г.. 2002.
  2. 2,0 2,1 Hornberger, Jacob G. How Hitler became a Dictator Архивирано на 18 февруари 2008 г.. 2004.