Парк „Лисиче“
Парк во Горно Лисиче, Скопје
Паркот Лисиче ― градски парк сместен во северот на населбата Горно Лисиче, Скопје, покрај реката Вардар.
Лисиче | |
---|---|
Вид | Урбан парк |
Место | Горно Лисиче, Скопје, Македонија |
Површина | 97,000 м2 |
Отворен | 28 јули 2016 |
Сопственик | Аеродром |
Статус | Отворен |
Историја
уредиПрвично според планот, паркот требал да го носи име „Рајска градина“. Паркот излегол како идеја од седница на Владата во 2012 година кога било најавено дека заеднички ќе го градат Владата и Општина Аеродром.[1] Паркот бил отворен на 28 јули 2016 година.[2]
Особености и содржина
уредиПаркот е со вкупна површина од 97,000 м2, уреден со летниковци, дрвеста и тревна вегетација.
Наводи
уреди- ↑ „Рајската градина во Аеродром од 15 милиони евра ќе ги чека изборите, огласот поништен“. sdk.mk. 27 октомври 2016. Архивирано од изворникот на 29 октомври 2016. Посетено на 15 септември 2021.
- ↑ „Изграден паркот покрај кејот на Вардар во Ново Лисиче“. sdk.mk. 5 април 2017. Архивирано од изворникот на 12 јуни 2017. Посетено на 15 септември 2021.