Парк на победата (Киев)
Парк на победата Парк «Перемога» | |
Парк | |
Езеро во паркот
| |
Земја | Украина |
---|---|
Град | Киев |
Знаменитост | Могила на бесмрттноста |
Паркот на победата (украински: Парк «Перемога») е парк кој се наоѓа во Днепарскиот реон на Киев, Украина. Паркот е посветен на победата на Советскиот Сојуз во текот на Втората светска војна.
Паркот бил отворен во 1965 година и реновиран во 2008 година. Се состои од 82,61 хектари борова шума со пешачки патеки, мало езеро со мост и острови, спортски зданија, затворено лизгалиште.
Главно мсто во паркот е Могилата на бесмртноста, во чест на хероите кои ги дале своите животи во текот на Втората светска војна. Самиот објект бил отворен на 21 јуни 1967 година. Објектот има форма на петокрака.
Галерија
уреди-
Вајарска композиција „Луѓе на победата“. Вајар - А. Моргацки, бронза, 2016 година
-
Споменик на мајка која го придружува својот син во војна. Вајар - А.Радионов, бронза, 2005 г.
-
Главната уличка во паркот
-
Споменик „Мајка вдовица“. Вајари - А.Балог и К.Добријански, гранит, 2012 година
-
Споменик на бранителите на границите на татковината