Парасимпатолитични средства
Тоа се група лекови кои по компетитивен пат ги антагонизираат дејствата на ацетахолинот врз мускаринските рецептори, а истовремено се способни да ги инхибираат дејствата кои се добиваат при стимулација на холинергичките нерви.
Поделени се во две групи :
- Природни парасимпатолитични лекови
- Синтетички парасимпатолитични лекови
Природни парасимпатолитични лекови
уредиВо оваа група спаѓаат два алкаоида, кои се добиваат до некои билки како што се: Atropa Belladonna (лудо биље), и Hyoscyamus niger (буника). Овие два алкалоида се : Атропин и Скополамин. (Atropin и Scopolamin).
Дејства
уредиФармаколошките дејства на двата природни лека се слични, со мали разлики кои ќе бидат нагласени. Двата лека се врзуваат за мускаринските рецептори врз кои дејствува ацетилхолинот во некои органи како што се: мазни мускули, срце, жлезди со надворешно лачење.
Дејства врз одделени системи:
ЦНС: Атропинот во почетокот покажува стимуларно дејство врз повисоките зони во ЦНС, а подоцна следува депресина. Скополаминот пак од почетокот покажува силно депресивно дејство.
Кардиоваскуларен систем
уредиВо тераписките дози немаат некои битни дејства, додека при давање на големи дози настапува тахикардија.
Гастроинтестинален тракт
уредиДадени во тераписките дози, тие го редуцираат моталитетот и тонусот на овој систем, со едновермена редукција на лачењето на жлезди со надворешна секреција (во желудникот, панкерасот и др.). Поради намалената секреција на жлездите во устата, устата станува сува и човек тешко голта.
Очи
уредиАпликацијата на 0,5%--1% дава мидријаза со парализа на акомодација, а кај пациенти кои се склони кон глaуком доаѓа до пораст на интраокуларниот притисок. Овие дејства на атропинот врз очите (овој лек се користи во офталмологијата) траат долго време (7--10 дена) при што човек има нарушен вид, а заради тоа и несигурен од. При системската апликација, дејствата траат само неколку часа.
Респираторен систем
уредиВрз овој систем покажуваат бронходилаторното дејство, последно со инхибиција на секрецијата на жлездите (сува уста, фаринкс, бронхи).
Потни жлезди
уредиИнхибициа на нивната секреција, поради што е спречено потење, па при труења кожата се зацрвенува, а телесната температура расте.
Начин на давање, судбина во организмот и елиминација
уредиОвие алкалоиди добро се резорбираат од дигестивниот тракт, како и по локална апликација (очи). Се дистрибутира речиси во сите ткива. Се метаболизираат во црниот дроб, а се елиминираат главно преку бубрезите. Двата лека минуваат во плацентата.
Индификации
уредиОфтамологија: локално атропин по концентрации 0,5%--1% за имобилација на пупилата при хируршки зафати. Во преанестетичната медикација се даваат двата лека со цел пациентот да се седира, како и да се намали секрецијата во плунковите и бронхиалните жлезди.
Во терапија на Паркинсовата болест. Кинетози, поефикасен е Скополамин.
Бронхиална астма.
Ulcus pepticus,спазма на пилорус кај новородени деца. Спазми во дигестивниот тракт, уринарниот и во жолчните патишта.
Мениеров синдром.
Токсичниот синдром на природните парасимпатолитици.
До нив доаѓа при нагла резорпција, или при јадење на полови од некои билки. Симпроматологијата е бурна, поставувањето дијагноза е мошне тешко. Пациентот има интензивно црвена кожа, висока температура. Терапијата на труењето е симптоматска, снижување на телесната температура, барбитурати за да се смири, како и давање на пилокапин кој е антагонист на атропиот и скополаминот.
Синтетички замени за алкалоидите од беладона
уредиОвие лекови се поделени во 3 групи :
- Со претежно дејство на очите;
- Со претежно дејство на дигестивниот тракт;
- Со претежно дејство на ЦНС.
Со претежно дејство на очи Хоматропин (Homatropin)
уредиСе користи како 2% раствор од офталмологијата за предизвикување на дријаза при преглед на очното дно.
Еумидрин (Eumidrin) се користи како 0,5%--1% раствор за мидриаза.
Со претежно дејство на дигестивниот тракт
уредиВо оваа група спаѓаат поголем број на лекови кои имаат силно спазмолитично дејство во дигестивниот тракт, а нивната способност да ја намалат секрецијата на хлородоводородната кислениа е малку послаба. Меѓу почесто користените средства ќе ги споменеме: Бантин (Bantin), Пробантин (Probantin), Бускопан (Buscopan), Дарикон (Daricoon), Антренил (Anrenyl), Авакан (Avacan) и др. Индикации: Спазми од дигестивниот тракт (желудник, црева, жолчни мочни и генитални органи). Нивната ефикасност во терапијата на улкус вожелудникот или дуденумот е послаба од онаа на атропинот. Дози: дозите им се движат меѓу 10 мг (Дарикон) до 50 мг (Бантин).
Со претежно дејство на центраниот нервен систем
уредиОва се група лекови кои се користат во терапија на Паркинсовата болест или на некои слични состојби кои настануваат при лекување со некои лекови. Меѓу почесто користените лекови од оваа група спаѓаат: Бипериден (Biperiden) (Akineton), Карамифен (Karamphen)(Panparnit), Орфенадрин (Orphenadrin)(Disipal), Трихексифенидил (Trihexyphenydil)(Artane). Индификации: Паркисонова болест и слични синдроми кои се јавуваат при употреба на големи дози на фенотиазински лекови при терапија на психози.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |