Папазјанија
File:Папазјанија.jpg
Вид | Чорба |
---|---|
Дел од оброкот | Главно јадење |
Место на потекло | Македонија, Турција, Србија |
Регион | Балкан |
Папазјанија[1][2] — еден вид чорба. Во записи е наведено дека причината за неговото име била брзата храна на монасите и свештениците.[3] Папазјанијата е присутно во турската и балканските кујни.
Рецепт
уредиРецептите за папазјанија се многу различни и дозволуваат голема слобода во однос на изборот на намирниците. За подготовка на папазјанијата може да се користат различни видови месо - говедско, свинско, овчо, а може да се користи и риба.[4]
Исто така изборот на зеленчук е многу голем и може да се користат намирници кои се на располагање во таа сезона.
Преносно значење
уредиЗаради неопределеноста на мешавината на намирници, во преносна смисла зборот папазјанија во македонскиот јазик добил значење на збрка, метеж.
Наводи
уреди- ↑ „папазјанија“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „папазјанија“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Cumhuriyet İlahiyat Dergisi 20, sy. 2 (Aralık 2016): 175-205“. Güldane Gündüzöz. Osmanlı Tekke Mutfak Kültürü ve Mecmuâ-i Fevâid. стр. 187. Архивирано од изворникот на 9 Temmuz 2021. Посетено на 19 Kasım 2021. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ „MELCEÜ'T- TABBÂHÎN“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 3 Kasım 2021. Посетено на 26 Mart 2022. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|accessdate=, |archive-date=
(help)