Панака
Панака е хуака во која се положувале мумифицираните тела на кралското семејство. Денес, во Куско се пронајдени и документирани дванаесет или тринаесет панаки. Во панаките се положувале телата, заедно со декоративната облека и основни производи за кои се сметало дека се потребни во задгробниот живот.
Верувања
уредиСпоред религиските обичаи и верувања на Инките, душите на починатите лица не го завршувале својот пат со физичката смрт и последниот здив, туку се верувало дека мумиите продолжувале со живот. Тие биле зачувувани и низ ритуали им се оддавала почит. Со тоа членовите на кралското семејство биле почестени бидејќи според верувањата тоа значело дека се синови на Инти. Панаките биле сосема уништени со доаѓањето на Шпанците и шпанските католички свештеници.