Палмарола
Палмарола — кружен, претежно ненаселен остров во Тиренското Море, покрај западниот брег на Италија. Тоа е втор по големина од Понцијанските Острови и се наоѓа околу 10 километри западно од Понца.
Palmarola | |
---|---|
Палмарола и Понцијанските Острови | |
Географија | |
Место | Тиренско Море |
Координати | 40°56′13″N 12°51′29″E / 40.937° СГШ; 12.858° ИГД |
Архипелаг | Понцијански Острови |
Држава | |
Демографија | |
Население | 0 |
Палмарола има екстремно карпест брег, полн со природни заливи, пештери и карпи. Островот е првенствено природен резерват, но има неколку пристаништа каде што можат да допловат чамци и неколку ресторани што ќе ги задоволат туристите во текот на летната сезона како и неколку мали плажи.
Познатиот француски истражувач и океанограф Жак Кусто го назначил Палмарола за "Најубавиот остров во Средоземното Море"[1]
Папата Силвериј бил протеран на островот во 537.
Знаменитости
уреди- Светилиштето на Сан Силвериј, место каде што се потврдени чуда, пристапот до локацијата е малку тежок.
- Мацела, природна пештера
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Palmarola, al di là delle terre abitate“. Sito ufficiale del turismo in Italia (италијански). 2010-06-01. Архивирано од изворникот на 2016-03-29. Посетено на 2016-04-01.
Надворешни врски
уреди- Туристички информации Архивирано на 12 април 2007 г.,за Понцијанските Острови