Палата на уметностите во Неапол
Палата на уметностите во Неапол (едноставно познат по акронимот PAN) е музеј во градот Неапол, сместен во историската Карафа на Рочела - монументална зграда домаќин e на изложби на современа уметност во нејзините многубројни форми ( сликарство, скулптура, фотографија, графика, стрип, дизајн, видео уметност, кино).
Историја
уредиОпштина Неапол ја купила зградата и започнала со реставрација во 1984 година; во 1998 година ја воспоставиле за својата намена како центар за документација за современи уметности, а потоа се прошириле и на изложбената дејност. Свечено е отворена на 26 март 2005 година.[1] Структурата е со површина од 6.000 м2 на три ката со изложбени површини, медиа библиотека, простори за едукативни активности, наменска библиотека, кафулиња, тераси.[2]
Наводи
уреди- ↑ the Places of Contemporary Art, Gangemi Editore, 2012
- ↑ „PAN Palazzo delle Arti di Napoli“. Ministero per i beni e le attività culturali e per il turismo.