Павле Наумов
Павле Наумов е македонски револуционер, кичевски реонски војвода на ВМОРО.
Павле Наумов | ||
Роден | 1883 Ораовец, денес Република Македонија | |
---|---|---|
Починал | ? |
Животопис
уредиПавле Наумов е роден во 1883 година во велешкото село Ораовец, тогаш дел од Османлиското Царство. Брат е на војводата Иван Наумов Алабакот. Како член на ВМОРО, учествувал во Илинденското востание во 1903 година, во реонот на Крушево.
По востанието, заминал во Бугарија, а во Македонија се вратил како четник во мај 1904 година. Бил ранет во една битка, и заминал на лекување во Софија. Во Македонија повторно се вратил со четата на војводата Крсто Љондев. Присуствувал на конгресот на ВМОРО на Битолскиот револуционерен округ во 1907 година. Од конгресот бил назначен за реонски војвода на Организацијата во Кичевско.[1]
Наводи
уреди- ↑ Енциклопедија ВМРО, Скопје 2015, стр. 199.