Википедија:ППКЈП

(Пренасочено од ППКЈП)
Лого на проектот „Википедија во вашето училиште
Лого на проектот „Википедија во вашето училиште
Поврзано:
  • Средни училишта
  1. ОХВП ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид
  2. ППЃП СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
  3. РЕЦС СОУ „Цар Самоил“ - Ресен
  4. СКЗЦ СГГУГС „Здравко Цветковски“ - Скопје
  5. КАДД СОУГ „Добри Даскалов“ - Кавадарци
  6. ППКЈП СОЕПТУ „К. Ј. Питу“ - Прилеп
  7. ППМА Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп
  8. КУГД Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово
  9. ВЕЈТ ОСУ „Јовче Тесличков“ - Велес

  • Основни училишта
  1. ОХКР ОУ „Кочо Рацин“ - Охрид

mini
mini
mini
mini

Средното општинско eкономско училиште „Кузман Јосифовски - Питу“ од Прилеп постои уште од 1957 година. Денес во ова училиште се одвива настава чија цел е професионално определување на ученикот за да може правилно да ги развие сопствените работни способности и правилно да ја изгради својата личност. Учениците, својата идна професија ја избираат низ образованието во некој од следните струки и профили:

Економска струка Правна струка Трговска струка
Економски техничар Правен техничар Техничар за трговија и маркетинг
Банкарски техничар
Деловен секретар

Историски Развој

уреди

По ослободувањето, со брзиот развој на стопанството се јави голема потреба од кадри со средно стручно образование.Во учебната 1955/56 година се роди идејата да се формираат неколку економски паралелки кои најпрво работеа во составот на гимназијата 'Mирце Ацев"-Прилеп.Со одлука на Советот за просвета на НРМ од 1956год. во Прилеп се отвори средно економско училиште.Во наредниот период општествено политичките организации го определија името на училиштето "Кузман Јосифоски-Питу".Во 1956год. трговската комора на Македонија а во соработка со истата асоцијација во Прилеп, формира средно училиште за потребите на трговијата. Во прво време средното економско училиште и средното трговско училиште работеа одделно,а со посебна одлука за поврзување на двете училишта која одлука се спроведе во учебната 1987/88год. започнува забрзан развој на економско-трговскиот ценар.Основната дејност на училиштето е воспитно образовна на ученици од стручно образование со четири годишно траење од економска,правна и трговска насока.

Цветан Беличански- (прв директор на Гимназијаа и Економското Училиште)

"По Втората светска војна и со создавањето на Р Македонија во Прилеп работеше едно средно училиште гимназијата "Мирце Ацев"но разади брзиот економски развој тогаш се јави потреба за средни стручни кадри од економска струка. Така,уште во учебната 1955/56година при Гимназијата се формираа неколку економски паралелки, а веќе во следната 1956/57год. во Прилеп се основа средното економско училиште."

Стојан Силјаноски - (прв директор на Трговското училиште)

"Во 1956 год. Трговската комора на Макдонија во сораборка на истата асоцијација од Прилеп формира училиште за потребите на Трговијата со современ и образован кадар."

Пајмакоски Гога -

(директор на економското училиште од 1959год.)

Ношпал Јово -

(директор на економското училиште од 1968/69год.)

Тренкоски Ристе -

"Има малди и талентирани деца кои покрај учењето го сакаат спортот и спортуваат.... Од своето постоење од 1956 година Трговскиот училиштен центар во Приелп, оспособил голем број на трговски работници, кои се афирмирани низ целата наша земја.Новата трансформација на средното образование ќе овозможи не само квалитет во наставата, туку и задоволување на дел од потребите во здружениот труд."

Ќофкароски Илија -

(директор на економското училиште 1978год.)

Џингоски Јане - (директор на економското училиште 1987/98год.)

"Како и во секоја работа, така и во директорската доколу се сака само да се уживаат благодетите и привелегиите што ги овозможува функцијата, директорувањето е многу лесно. Но дололку работата се работи онака како што треба, притоа да се мисли и работи на осовременување на наставата,подобрување на условите за работа и за внесување на дополнителни нешта, тогаш таа воопшто не е лесна."

Смугрески Димитрија - (директор на економското училиште 1998год.)

"Поткрепени од PHARE-програмата голем процент од наставничкиот кадар и менаџерскиот тим, учествуваше и учествува на најразлични обуки, семинари кои се добредојдени како извор на нови сознанија,искуства и информации за сето она што се нарекува современо средно стручно образование."

Бунеска Елена - (директор на економското училиште 2002/03год.)

"Работата со ученици е мошне хумана. Но во исто време работата со нив е мошне одговорна. За учениците одмор се матурските вечери и екскурзиите, но и тогаш одговорноста кај наставницита останува."

Ристеска Пандора - (директор на економското училиште 2003/04год.)

"Меѓутоа и СОЕПТУ"Кузман Јосифоски-Питу" Прилеп има своја "ахилова пета". 50 години од основањето до денес училиштето е без фискултурна сала. Апелиравне до сите можни и компетентни адреси. Ситуацијата е статус "КВО".

Котески Цане - (директор на економското училиште 2006год)

"За сериозен човек оваа функција е многу одговорна и бара голема динамика и еластичност во секојдневната работа како и во трасирањеро на долгорочната воспитно образовна стратегија и цел на училишниот Центар. Раководењето на школото го сочинуваат голем број на тимови, нормално како и менаџерскиот тим на чело со директорот, педагошко-психолошка служба, стручните активи како и администрацијата и помошниот персонал. Мојата работна стратегија и менаџирање ке ги насоќам кон обезбедување на се што недостасуваше во моето училипте од: нови работни простории,нова информатичка опрема,спортска сала,како и успешно завршување на сите проекти како што се Модернизација на образованието, отворање на Кариерен и Проектен Центар за учениците, формирањето на виртуелните компании и секако преку СЕА проектот и формирање на реална компанија."

Китаноска Менка -

(директор на економското училиште 2009/11год.)

м-р Наталија Ацеска -

(директор на економското училиште од ноември 2011год. до декември 2012 година)

Спасија Нешкоска-Цуцулеска - (директор на економскоучилиште од декември 2012 година)

Патрон

уреди

"Кога пред векови биле заземани средновековните тврдини, нужна била извонредна храброст. Сите што јуришале на нив, биле јунаци, а посебно место заземале храброста, од важноста и мудроста на тој борец што ќе го спуштел подвижниот мост пред каналот со кој е заштитуван градот-тврдината. Зарем Кузман не е тој што го спуштал мостот, пред првите чекори на државата македонска!?"Кузман Јосифоски е роден на 15 Јуни 1915 год. во Прилеп Потеклото му е од с.Велмевци, Кичевско. Во времето на Илинденското востание на македонскиот народ, многу градови и села биле запалени. И селото Велмевци било запалено и опустошено.Тогаш како дете таткото на Кузман, Цветан, е дојден во Прилеп. Основното училиште Кузман го завршил во Прилеп. Во 1926год. тој е ученик во прв клас Гимназија од која датира и неговиот голем интерес за историјата. Особено се воодушевувал од борбата на македонскиот народ за национално ослободување и од борбените подвизи на хероите од Илинденскиот перидо-Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Питу Гули и др. Повисоките класови од Гимназиајта Кузман ги завршува во Битолската Гимназија која била една од најстрогите Гимназии во целата земја. Во Гимназијата Кузман бил примерен ученик, интелегентен и учтив. Освен учењето читал и напредна литература. За тоа време и политички се издигнувал. Во тек вил со револуционерното движење во Прилеп. Читајќи комунистички брошури, летоци и сл. Покрај тоа Кузман се истакнувал и со своето учество во повеќе слободни активности. По завршувањето на Гимназијата Кузман се запишал на Правниот Факултет во Белград, каде активно се вклучил во студенското културно-просветно друштво "Вардар" каде што се собирале и се организирале македонските студенти. Како студент пројавил голема политичка активност. Во Белград Кузман членувал во Акциониот Одбор на Белградскиот Универзитет,а во 1938г. бил примен во редовите на Комунистичка Партија на Југославија. При посетата на Софија во 1939 година тој го посетил гробот на Ѓоче Петров, а се стретнал со Никола Јонков Вапцаров, Димитар Митрев, Ѓорѓија Абаџиев, Коле Неделковски. Во 1938/40 Кузман се наоѓа во Охрид и во рамките на неговата политичка дејност таму тој учевствува на весникот "Наша реч" кој весник бил посветен на одбележувањето на 150- годишнината од Големата Француска револуција и 36- годишнината од Илинденското востание. Ваквата негова ангажираност најдобро се илустрира со неговата мисла од тоа време:"Многу е среќна нашата генерација, зошто нејзе и се падна да ја изведува револуцијата." Кузман ги прекинува студиите и станува професионален партиски соработник. Станува член на Покраинскиот Комитет на КПЈ за Македонија. Станува илегалец, но и еден од огранизаторите на анти-фашистичката и ослободителна борба на Македонскиот народ. Бил постојано во движење. Ги обиколувал населените места во Тетовско, Гостиварско, Дебарско, Кичевско, Струшко, Преспа каде ја интенвизирал активноста за организијање на првите партизански одреди во овој дел од Македонија. Патува, пишува, учествува на состаноци. На Преспанскиот состанок на ЦК КПМ поднесува реферат посветен на 40- годишнината од Илинденското востание. На истиот состанок било решено Кузман да замине во Скопје со задача да ја координира целокупната активност на народноослободителното движење и да изврши подготовки за конституирање на највисоката власт во Македонија. На 25 Феврувари 1944 година е откриен од Бугарската Фашистичка полиција и е убиен. За Народен херој е прогласен на 29 Јули 1945 година. Иако загина недочекувајќи да ја види Македонија слободна тој го постигна највозвишеното човечко достоинство:револуционерната работа да му биде задоволство а не обврска.