Охридско-струшка дополнителна ударна бригада
Охридско-струшка дополнителна ударна бригада — бригада на НОБ во Македонија.[1]
Охридско-струшка дополнителна ударна бригада | |
---|---|
Активна | септември 1944 - 29 октомври 1944 |
Земја | Македонија |
Вид | бригада |
Големина | 520 борци, само 20 вооружани |
Битки | Завршни операции за ослободување на Македонија |
Команданти | |
Истакнати команданти | Стево Врбица |
Историјат
уредиБригадата била формирана на почетокот на месецот септември 1944 година. Бригадата била основаа во селото Велмеј, Охридско, поточно на планината Караорман. Командант на бригадата бил Стево Врбица, кој бил назначен на таа функција на 29 октомври 1944 година.[1]
Бригадата била составена воглавно од невооружани борци, односно вкупниот број на борци изнесувал 520, а само 20 биле вооружани. На 6 октомври 1944 годи на, поголем број од борците влегле во составот на Шестата македонска ударна бригада. Во тој период помал дел од борците на оваа бригада биле упатени кон Горно Врановци, за да добијат оружје.[1]
По самото основање на бригадата, челниците извршиле основна обука за ракување со оружје на тие лица кои не биле вооружени во селото Велмеј. Во селото, за време на обуката, им се приклучиле Црвеноамејците, кои избегале од германските затвори. Бригадата вршела диверзантски акции на патот Охрид-Струга, а под нејзина контрола бил патот од Мислешево до Охридското Езеро. Бригадата ја нападнала Струга на 3 октомври 1944 година.[1]
Бригадата била расформирана со наредба на Штабот на 48 македонска дивизија на 29 октомври 1944 година. Борците биле припоени кон Првата и Петнаесеттата македонска ударна бригада.[1]
Наводи
уредиПоврзано
уреди