Охридски Санџак

(Пренасочено од Охридскиот санџак)

Охридскиот санџак спаѓал меѓу најстарите санџаци формирани во Румелискиот вилает. Како прв санџак-бег се смета ајдинскиот бег Џунеjд бег, кој на таа функциjа се споменува во 1406 година.

Охридски санџак
Sanxhaku i Ohrit
Ohri Sancağı
санџак на Отоманското Царство

1395–1864

Грб на Охридски санџак

Грб

Главен град Битола, Охрид
Историја
 -  Основана 1395
 -  Битолски вилает 1864
Денес во Македонија и Албанија

Според турски документи, Охрид под турска власт паднал 1395 година. Преземањето го извршил Чандарли Хајрудин Паша, кој станал везир во функциjа на највисок воен командант и највисока личност по султанот.

Како сигурен податок за присуството на Османлиите во Охрид, се наведува еден натпис од црквата Свети Илиjа, во охридското село Елшани кој датира од 1408 година.

Според трускиот попис од 1582 г., Охридската нахиjа имала вкупно 88, а Дебрца 32 села, или двете заедно 120 села. Вкупниот број на население во двете нахии изнесувало 18.243 луѓе, од кои 13.592 во Охридската нахиjа и 4.561 во Дебрца. Врз основа на имињата на старешините на семеjствата од пописот може да се заклучи дека најголемиот дел од населението било македонско.[1]

Кази во Охридскиот санџак

уреди
  • Охридска каза со следниве нахии: Охридска, Дебрца.
  • Дебарска каза со следниве нахии: Горни Дебар, Жупа, Река и делумно Долго (Голо) Брдо.

Наводи

уреди
  1. www.ohrid.org.mk Архивирано на 13 февруари 2009 г., Падот под османлиска власт, пребарано на 24 мај 2010