АТП Софија
(Пренасочено од Отворено првенство на Софија во тенис)
АТП Софија или Отвореното првенство на Софија во тенис (бугарски: Открито първенство на София) е тениски турнир во машка конкуренција и моментално еден од турнирите од АТП серијата 250. Се одржува во Арена Армеец во Софија, главниот град на Бугарија. Турнирот се игра на тврда подлога, но во сала на затворено.
АТП Софија | |
---|---|
Софија Опен 2022 | |
Информации за турнирот | |
Име на турнир | Софија Опен |
Турнеја | АТП |
Основан | 2016 |
Изданија | 7 (2022) |
Место | Софија Бугарија |
Одржувалиште | Арена Армеец |
Категорија | АТП серија 250 |
Подлога | Тврда подлога (во сала) Proflex (2016–2019) Acrylic on Wood (2020–current) |
Жреб | 28П / 16Кв. / 16Д |
Награден фонд | 597,900 € (2022) |
Веб-сајт | sofiaopen.bg |
Моментални победници (2021) | |
Поединечно | Јаник Синер |
Двојки | Џони О'Мара Кен Скупски |
Отворено првенство на Софија за првпат било одржано во 2016 година, а прв победник бил Роберто Баутиста Агут.[1] Турнирот се одржувал во месец февруари до 2020 година, кога поради пандемијата на КОВИД-19 бил преместен да се одигра во месец ноември. Од АТП сезоната 2021, турнирот се одржува во последната недела од месец септември.
Финалиња
уредиПоединечно
уредиГодина | Победник | Финалист | Резултат |
---|---|---|---|
2016 | Роберто Баутиста Агут | Виктор Троицки | 6–3, 6–4 |
2017 | Григор Димитров | Давид Гофан | 7–5, 6–4 |
2018 | Мирза Башиќ | Мариус Копил | 7–6(8–6), 6–7(4–7), 6–4 |
2019 | Данил Медведев | Мартон Фучович | 6–4, 6–3 |
2020 | Јаник Синер | Васек Поспишил | 6–4, 3–6, 7–6(7–3) |
2021 | Јаник Синер (2) | Гаел Монфис | 6–3, 6–4 |
2022 |
Двојки
уредиГодина | Шампион | Финалист | Резултат |
---|---|---|---|
2016 | Весли Колхоф Матве Миделкоп |
Филип Освалд Адил Шамасдин |
5–7, 7–6(11–9), [10–6] |
2017 | Виктор Троицки Ненад Зимоњиќ |
Михаил Елгин Андреј Кузнецов |
6–4, 6–4 |
2018 | Робин Хасе Матве Миделкоп (2) |
Никола Мектиќ Александер Пеја |
5–7, 6–4, [10–4] |
2019 | Никола Мектиќ Јирген Мелцер |
Хсие Ченг-пенг Кристофер Рунгкат |
6–2, 4–6 [10–2] |
2020 | Џејми Мари Нил Скупски |
Јирген Мелцер Едуар Роже-Васлан |
предадено |
2021 | Џони О'Мара Кен Скупски |
Оливер Марах Филип Освалд |
6–3, 6–4 |
2022 |
Наводи
уреди- ↑ „Sofia hosts new 250 level event“. Посетено на 20 January 2016.