Осумте планини (филм)
Осумте планини е филм од 2022 година во режија на Феликс Ван Гренинген и Шарлот Вандермерш .
„Осумте планини (филм)“ |
---|
Претставува филмска адаптација на истоимениот роман на Паоло Коњети од 2017 година, која ја освои наградата на жирито на 75. Кански филмски фестивал .
Содржина
уредиОд 12-годишна возраст Пјетро почнува да го минува летниот одмор со својата мајка во напуштено село, изолирано во планините на долината Аоста, неговиот татко, инженер вработен во голема компанија во Торино и по потекло од тоа место, му се придружува на семејството на кратки периоди кога е ослободен од работа за да планинари и истовремено го придружува својот син за време на неговите првите искачувања над 3000 метри. Во селото Пјетро започнува да се дружи со врсникот Бруно, поминувајќи долго време заедно сѐ до разделбата поради тоа што Бруно оди да му помага на чичко во пасењето. Сепак, таткото на Пјетро успева да ги одведе двете момчиња на излет на голема височина на ледникот, но поради симптомите на висинска болест кај неговиот син, излетот се прекинува.
На крајот на одморот, без разлика на нивното незадоволсто, родителите на Пјетро им ја нудат можноста на роднините на Бруно да го примат кај нив во текот на зимата, овозможувајќи му да оди на училиште во Торино. И покрај првичната позитивна реакција, предлогот предизвикува пресврт во животот на Бруно откако е повикан да живее со својот татко, кој работи во странство како ѕидар. Тоа резултира со прекинување на другарстово помеѓу Пјетро и Бруно, кои веќе немаат начин како да се дружат. Пјетро, во цутот на тинејџерските години, продолжува, против своја волја, да оди во планинското село од Бруно и поради избивањето на бурни конфликти со неговиот татко, решава да престане да го придружува во планинарските активности. По неколку години, една вечер Пјетро и Бруно се среќаваат во еден клуб, но не се поздравуваат. Времето минува и Пјетро, кој целосно ги прекинал односите со својот татко, се занимава со мали работи сѐ додека до него една вечер не стигнува веста за неговата прерана смрт. По погребот, Пјетро се засолнува во старата планинска куќа, каде што го пречекува Бруно, кој го води до местото што неговиот татко му го оставил во наследство: руина од планинска колиба што двајцата повторно обединети пријатели ќе треба да ја обноват. Во меѓувреме, Пјетро открива дека неговиот татко и Бруно продолжиле да се гледаат, заедно одејќи на бројни планинарски патеки во околината: еден вид полубрат кој ја пополнил празнината што ја оставил неговиот син откако го напуштил.
Во тоа лето, двајцата успеваат да ја реновираат колибата и додека Пјетро, кој повторно ја открива убавината на врвовите, Бруно има јасен план: да го преземе пасиштето напуштено од неговиот чичко и повторно да произведува сирење. Пјетро почнува да носи некои пријатели од градот, вклучувајќи ја и Лара со која има кратка авантура, во колибата, која ја смета и на Бруно до степен што бара дозвола од него.
Во годините што следат гратското момче го следи патот кој го води до Непал и од кој црпи инспирација да ги постигне првите значајни резултати на литературното поле, кои ќе станат негова наградена дејност. На планинското пасиште на Бруно му се придружува Лара, која е маѓепсана од тие места. Откако се уверува дека немало никаква врска меѓу неа и неговиот пријател, почнуваат да се гледаат и да споделуваат работни активности. Парот, која има и ќерка, е преуморен од обемот на работа и Бруно повеќе не може да се грижи за колибата, задолжувајќи го Пјетро за нејзиното одржување, кој повремено се враќа во планините. Во текот на една ѕвездена ноќ Пјетро и неговата мајка, која во меѓувреме прави сѐ за да му помогне на планинското семејство, Бруно, Лара и нивната русокоса ќеркичка имаат еден вид последна вечера. Во текот на вечерта, помината пиејќи ракија, Пјетро го објаснува својот концепт за осум планини, кои се наоколу во светот и тој патува во круг за да стигне до нив; додека централната точка, која е планинската долина Аоста, го претставува Бруно. Во тој момент излегуваат на површина и суштинските проблеми на парот, кој е во долгови и со мали приходи од бизнисот. Пјетро, веќе успешен во својата работа како писател, нуди финансиска поддршка за да им помогне на двајцата, но Бруно жестоко им се спротивставува.
Како последица на тоа следува пропаѓањето на занаетот со пасењето, по што следи одземање на пасиштето и криза меѓу Бруно и Лара, која се враќа во градот со ќерката за да ѝ овозможи подобро образование и да заработи нешто работејќи. Во драматичен телефонски повик што стига до Пјетро кој е во Непал, каде што започнал врска со девојка од местото Асми, Бруно - сега лишен од секакви добра и сам - бара дозвола да може да се повлече во колибата. Пјетро, кој го потсетува дека колибата им припаѓа на двајцата, прашува дали е неопходно неговото присуство и по долго молчење добива потврден одговор. Пјетро стигнува до колибата, затрупана со снежна покривка, каде што наоѓа сега мрачен пријател пустиник посветен на исконскиот живот. Тој со сите сили се обидува да го убеди Бруно да се спушти во долината, да си даде втора шанса. Тоа го потсетува на важноста на улогата како родител со што предизвикува бурна реакција кај пријателот и му наредува да ја напушти кабината. Пјетро, по една ноќ помината надвор од кабината на поларни температури, се спушта во долината и разговара со Лара која објаснува дека за Бруно постои само планината, поважна дури и од распарченото семејство. Ранет и физички и психички, тој се враќа повторно во колибата и прави последен обид да го вразуми својот пријател. Големиот студ е во полн тек и колибата е очигледно несоодветна за опстанок. Бруно го одбива за последен пат, доверувајќи му ја на својот пријател една од неговите последни реченици: „оваа планина никогаш не ме повредила“.
Епилогот доаѓа по долгите снежни врнежи. Тим за спасување на планина пристигнува во колибата покриена со снег и со помош на моторната пила прави дупка на покривот и влегува во неа, но внатре нема никој. Очајната Лара му телефонира на Пјетро велејќи дека потрагата е прекината и дека ќе чекаат да се стопи снегот за да го најдат телото на Бруно. Сѐ уште надежна, Лара сака да знае според Пјетро дали Бруно би можел, во екстремна тешкотија, сметајќи дека не би можел да се спаси, некаде да се засолни. Тој дава потврден одговор, иако длабоко знае дека Бруно во никој случај не би ја напуштил својата планина.
За време на вечерата под ѕвезденото небо, Пјетро им раскажал за небесниот погреб, веројатно што ја отсликува и судбината на Бруно.[1]
Снимање
уредиФилмот е снимен помеѓу долината Аоста, поконкретно во Вал д'Ајас, Торино и Непал.[2]
Промоција
уредиТрејлерот за филмот бил објавен онлајн на 12 мај 2022 година.[3]
Емитување
уредиФилмот бил премиерно прикажан на 18 мај 2022 година за време на 75. Кански филмски фестивал.[3][4] Се емитува во италијанските кина од Vision Distribution[3] почнувајќи од 22 декември 2022 година.[5]
Признанија
уреди- 2022 – Кански филмски фестивал[3][6]
- Награда од жирито (ex aequo со ЕО)
- Во конкуренција за Златната палма
Белешки
уреди- ↑ . 20 maggio 2022. Text "https://www.cinefacts.it/cinefacts-articolo-1216/le-otto-montagne-recensione-vette-damicizia-cannes-2022.html" ignored (help); Text "Le otto montagne: vette d'amicizia" ignored (help); Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help); Отсутно или празно|title=
(help); Отсутно или празно|url=
(help) - ↑ . 31 maggio 2022. Text "https://www.corriere.it/cronache/cards/otto-montagne-location-valdostane-film-premiato-cannes/sugli-schermi_principale.shtml?refresh_ce" ignored (help); Text "«Le otto montagne»: i luoghi dove è stato girato il film premiato a Cannes" ignored (help); Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help); Отсутно или празно|title=
(help); Отсутно или празно|url=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Cannes: Le otto montagne, prime immagini film Borghi-Marinelli [TRAILER]“. ANSA. 12 maggio 2022. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „The Screenings Guide 2022“ (англиски и француски). Festival di Cannes.
- ↑ „"Le otto montagne" arriva al cinema. Ecco il nuovo trailer!“ (италијански).
- ↑ „Premi della selezione ufficiale della 75ª edizione“ (англиски и француски). 28 maggio 2022. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)