Месечина од хартија (филм од 1973)

Месечина од хартија (англиски: Paper Moon) - американски филм од 1973 година, во режија на Питер Богданович. Главните улоги ги толкуваат: Рајан О'Нил, Тејтум О'Нил, Медлин Кан, Џон Хилерман и П. Ј. Џонсон. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во четири категории, а победил само во една: Тејтум О'Нил, на возраст од 10 години, добила „Оскар“ за споредна женска улога, како најмлад добитник на оваа награда во историјата. Исто така, таа ја добила и наградата „Златен глобус“, а филмот бил добитник на вкупно осум филмски награди.[1]

Содржина

уреди

За време на Големата депресија, малото девојче Еди Логинс (ја игра Тејтум О'Нил) останува без мајка си. На погребот присуствува и Мозес Преј, познаник на нејзината мајка, кој се согласува да го одведе девојчето кај нејзината тетка во Мисури. Мозес е продавач на библии кој се служи со измами, а набргу и Еди почнува да му помага во нечесната работа. Така, двајцата патуваат до едно до друго место, заработувајќи доволно пари. Еднаш, Мозес ја запознава девојката Трикси Дилајт (ја игра Кан) и ја зема со себе, иако Еди се спротивставува на таа врска. Оттука, Еди се служи со својата итрина и успева да се ослободи од Трикси, по што таа и Мозес го продолжуваат патот сами. Во Канзас, Мозес краде неколку сандаци со виски кои му ги продава на човекот од кого ги украл, но набргу е уапсен од полицијата. Сепак, благодарение на Еди, тие успеваат да избегаат од полициската станица и да преминат во државата Мисури. Таму, полицајците од Канзас го претепуваат Мозес и му ги земаат парите. Тој ја остава Еди кај нејзината тетка, но Еди повторно му се враќа и двајцата го продолжуваат своето заедничко патешествие.[2]

Наводи

уреди