Осаменост (Мопасан)
„Осаменост“ (француски: Solitude) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 31 март 1884 година.
Содржина
уредиДвајца другари шетаат по Елисејските полиња во Париз. Едниот му раскажува на другиот за својата осаменост, а потоа ги изложува своите погледи за животот, воопшто. Тој тврди дека секој човек неизбежно е осамен, зашто другите луѓе никогаш не можат да ги сфатат неговите мисли и да ги споделат неговите чувства. Исто така, тој тврди дека и љубовта е само илузија, зашто две души никогаш не можат да се соединат. Оттука, секој човек е осуден на вечна осаменост, а животот е само стремеж да се избегне осаменоста.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Усамљеност“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 257-263.