Оружје на Тамерлановата војска

Оружјето на Тамерлановата војска било стандардизирано. Главно оружје на лесната коњаница и пешадијата бил лакот. Лесната коњаница исто така користела и секири, сабји и др. Обичните војници биле облечени во бунди од овчо крзно.

Турко-монголски стрели
Воени шлемови од 14 и 15 век

По наредба на Тимур, лесната коњица во текот на еден воен марш морала да носи и дополнителна опрема: пила, шило, игла, коноп, десет стрели, торба и турсук (кожна торба за носење на резервна вода). Коњаникот имал два коња. Војниците имале оклоп и заштитни шлемови и се бореле со мечеви и сабји, а лаковите и стрелите биле во широка примена. Тешката коњаница се состоела од војници и коњи кои имале силен оклоп, и овие коњаници имале по два коња. Телохранителите на Тимур се бореле со секири и сабји, а нивните коњи биле покриени со тигарска кожа.

Војниците најчесто носеле меч на едната страна и кратко сечило на другата страна. Во текот на една воен поход, секој војник морал да поседува одредена количина на стрели. Во еден поход насочен против Златната Орда, секој војник морал да има по десет стрели во тоболецот. Покрај тоа, Тамерлан пред заминувањето во Златната Орда му наредил на секој свој војник да има копје, боздоган, штит покриен од кожа и бодеж.

Обичната пешадија била вооружена со лакови и мечеви, а тешката пешадија се борела со мечеви, секири и боздогани, а биле заштитени со шлемови и штитови. Во текот на опсадите на градовите, војниците користеле самострели [1][2].

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Военное искусство вооруженной организации монголов и турок
  2. D. Nicolle, A. McBride «The Age of Tamerlane» — «Osprey Publishing», 1990