Орлин Огнијанов Старокин (роден на 1 јануари 1987 година во Софија), е бугарски фудбалер кој моментално игра во првата бугарска фудбалска лига за тимот на Левски Софија. Неговата примарна позиција е лев бек.

Бугарија Орлин Старокин
Лични податоци
Роден на 8 јануари 1987(1987-01-08)(37 г.)
Роден во Софија, Бугарија
Висина &100000000000001790000001,79 м
Позиција лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Ботев Пловдив Ботев Пловдив
Број 77
Младинска кариера
ЦСКА Софија
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005–2008 Нафтекс Бургас 54 (3)
2006-2007Черноморец 17 (1)
2009-2011 Черноморец 69 (1)
2011- Левски Софија 51 (1)
* Ажурирано на: 6 јануари 2012
** Ажурирано на: 6 јануари 2012

Кариера

уреди

Младинска кариера

уреди

Старокин својата фудбалска кариера ја започнал во младинскиот тим на ЦСКА Софија. Таму тој играл како офанзивен играч од средниот ред. Тој своите вештини ги усовршувал во академијата до 2005 година.

Нафтекс Бургас

уреди

На возраст од 18 години, во 2005 година, Старокин отишол во Бургас и го потпишал својот прв професионален договор со екипата на Нафтекс. Во Нафтекс тој играл најпрвин како лево крило, а потоа се вратил поназад за да ја земе позицијата на лев бек. Во својата прва сезона во професионалниот фудбал, Старокин запиша 19 настапи во првата бугарска лига, постигнувајќи еден гол.

Черноморец Бургас

уреди

Во летото на 2006 година Старокин бил на позајмица во Черноморец Бургас, со кого тој станал шампион во втората лига. Подоцна тој бил купен и за тимот игра до 2011 година.

Левски Софија

уреди

На 14 јуни 2011 година, тој потпишал за Левски Софија. Своето деби за сините во официјален натпревар Старокин го направил на 28 јули 2011 против Спартак Трнава во третото квалификациско коло од Лигата на Европа. Својот прв гол во дресот на Левски го постигнал на 18 март 2012 против екипата на Ботев Враца.

Надворешни врски

уреди