Оревњача
Оревњача е хрватски традиционален колач, кој обично се прави за време на празници, како Божиќ, Велигден, за свадби или други свечени прилики.[1][2][3]
Подготовка
уредиКолачот се подготвува така што замесува тесто со квасец, млеко и шеќер, кое откако ќе отстои се расукува во потенка кора. Се премачкува со фил кој се прави од мелени ореви, млеко засладено со мед или шеќер, цимет, корка од лимон, рум, а потоа се витка во форма на ролат. Ролатот може да се остави во права форма или да се свитка во форма на потковица, или да се даде друг посакуван облик, и потоа се пече. Печениот колач додека е уште топол се посипува со шеќер во прав.
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-07-15. Посетено на 2018-05-20.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-07-15. Посетено на 2018-05-20.
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-05. Посетено на 2018-05-20.
Надворешни врски
уреди- Milan Krmpotić - Božićna priča Ličkih novina, Orahnjača Архивирано на 26 јули 2011 г. (хрватски)