Орбитирачка сончева опсерваторија

Орбитирачка сончева опсерваторија (скратено OСO ) (англиски:The Orbiting Solar Observatory - ОSО) — програма којашто се состоела од низа лансирани американски вселенски телескопи првенствено наменети за истражување на Сонцето, иако биле вршени и важни експерименти кај други тела во Сончевиот Систем. НАСА во периодот помеѓу 1962 и 1975 година во нискоземската орбита со помош на Делта ракети успешно лансирала осум ОСО сателити. Главната мисија им било да го набљудуваат 11-годишниот циклус на сончеви дамки во спектарот на УВ и Х-зраците. Првите седум опсерватории (OСO 1-7) биле изградени од Бол Аероспејс (анг: Ball Aerospace), тогаш познати под името како Бол Брадрс Рисрч Корпорејшн (анг: Ball Brothers Research Corporation (BBRC)), во Боулдер, Колорадо.[1] OСO 8 бил изграден од компанијата Хјуз Спејс енд Комјуникејшн (анг: Hughes Space and Communications), во Калвер Сити, Калифорнија.

OСO 4
Дијаграм на Орбитирачката Сончева Опсерваторија
Делта ракета со која се лансирал ОСО 8 на 21 јуни 1975 година, во Кејп Канаверал, Флорида

Историја

уреди

Во дизајнот на целата серија имало карактеристичен ротирачки дел - „Тркало“ кој требало да овозможи жироскопска стабилност. Со другиот дел - „Едрото“, се контролирала ротацијата на тркалото и го стабилизирала за да биде насочен кон Сонцето. На едрото имало сончеви инструменти насочени кон Сонцето, а исто така имало и низа сончеви фотоволтаични ќелии преку кои се напојувало вселенското летало. Лежиштето помеѓу тркалото и едрото била главната одлика на дизајнот, бидејќи морало со месеци непречено да работи во вакуум просторот без да биде подмачкуван. Овој дел ја пренесувал енергијата од едрото и податоците од насочените сончеви инструменти до Тркалото, каде што биле сместени повеќето функции на вселенското летало. И други научни инструменти можеле да се сместат во Тркалото, а тоа најчесто биле инструменти кои внимавале на векторот на ротирачкиот полупречник со кој на секои неколку секунди се пребарувало небото, а исто така и Сонцето.

На ОСО Б на 14 април 1964 година му се случила несреќа за време на активностите на склопување и проверка. Сателитот бил во постројката за тестирање на вртењето во Кејп Канаверал, прикачен за неговата Делта Ц ракета, кога случајно била запалена ракетата преку статички електрицитет. Се активирал моторот од третата фаза и ракетата сосе сателитот се лансирала, удрила во покривот и се одбила во аголот на постројката каде што изгорела. Во оваа несреќа загинале тројца техничари. Сателитот, иако бил оштетен, можел да се поправи со додавање на нови прототип делови, резервни делови за летот и нови компоненти. По десет месеци, на 3 февруари 1965 година бил лансиран и во орбитата бил означен како OСO 2.

OСO Ц не успеал да стигне до орбитата. Полетувањето се одржало на 25 август 1965 година и во втората фаза сè поминало во најдобар ред. Pред одвојувањето од ракетата во третата фаза, ракетниот мотор предвреме се запалил. Инструментите за следење на летот покажувале некои турбуленции и како последица на тоа губење на далечинското мерење во втората фаза, и иако во третата фаза леталото успеало да се одвои од ракетата, имало 18% пад на потисокот. Вселенското летало OСO не можело да ја постигне орбиталната брзина, па паднало во атмосферата и изгорело. Овој неуспех се претпоставувало дека е предизвикан од ситните промени во механизмот за палење во третата фаза откако имало некои мали технички проблеми при претходното лансирање на Делта Ц (ТИРОС 10 на 2 јули).

Ознака Датум на лансирање Датум на враќање Забележителни резултати
ОСО 1 (ОСО A) 7 март 1962 година 7 октомври 1981[2]
ОСО 2 (ОСО B2) 3 февруари 1965 година 8 август 1989 година [3]
OСO 3 (OСO E1) 8 март 1967 година 4 април 1982 година [4] Биле набљудувани сончевите блесоци, како и блесокот на Скорпија X-1 [5][6]
ОСО 4 (ОСО D) 18 октомври 1967 година 14 јуни 1982 година [7]
ОСО 5 (ОСО F) 22 јануари 1969 година 2 април 1984 година [8] Измерено е дифузно позадинско рендгенско зрачење од 14-200 keV [9][10]
ОСО 6 (ОСО G) 9 август 1969 година 7 март 1981 година [11] Забележано е дека во три наврати тврдите Х-зраци се појавиле со изливи на гама-зраци.[12]
ОСО 7 (ОСО H) 29 септември 1971 8 јули 1974 година [13] Набљудувани се сончеви блесоци во спектарот на гама-зраците. Прибраните податоци овозможиле да се класифицираат Вела X-1 зраците како бинарни рендгенски зраци со голема маса.[14][15]
ОСО 8 (ОСО I) 21 јуни 1975 година 8 јули 1986 година [16] Најдена е емисиона линија на железото во спектарот на рендгенските зраци од галактичко јато.[17]

Програмата Напредна Орбитална Сончева Опсерваторија (AОSО) била развиена во средината на 1960-тите како понапредна верзија на OСO серијата. Била замислена како сателитски систем кој кружи околу поларните области на Сонцето. Овие вселенски летала требало постојано да го следат Сонцето и неговата околина со помош на детектори и електронски слики во рангот од рендгенски зраци до видлива светлина. Во 1965 година, програмата AОСО била откажана поради недостиг на парични средства. Како еден вид надомест, програмата била заменета со сателитите OСO-И, OСO-J и OСO-K. Само ОСО-И, кој подоцна бил означен како ОСО 8, бил лансиран.[18]

Бил развиен и лансиран друг сателит кој што ја користел платформата на Орбитирачката Сончева Опсерваторија: сателитот Солвинд. Сателитот бил лансиран на 24 февруари 1979 година. Бил управуван од програмата за вселенски тестови при Министерството за одбрана на САД. Бил уништен на 13 септември 1985 година со ракетно тестирање на AСAT.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Todd Neff (2010) From Jars to the Stars: How Ball Came to Build a Comet-Hunting Machine Архивирано на 18 март 2018 г. Denver, CO.: Earthview Media.
  2. „Trajectory Details OSO 1“. NASA. Посетено на 5 September 2014.
  3. „Trajectory Details OSO 2“. NASA. Посетено на 5 September 2014.
  4. „Trajectory Details OSO 3“. NASA. Посетено на 5 September 2014.
  5. „The Third Orbiting Solar Observatory“. NASA's Imagine the Universe!. NASA. Архивирано од изворникот на 17 April 2001. Посетено на 5 September 2014.
  6. „WATCH TO BE KEPT ON SUN“. The Canberra Times. 41 (11, 627). Australian Capital Territory, Australia. 3 March 1967. стр. 4. Посетено на 3 April 2019 – преку National Library of Australia.
  7. „Trajectory Details OSO 4“. NASA. Посетено на 5 September 2014.
  8. „Trajectory Details OSO 5“. NASA. Посетено на 5 September 2014.
  9. „The Fifth Orbiting Solar Observatory“. NASA's Imagine the Universe!. NASA. Архивирано од изворникот на 17 April 2001. Посетено на 5 September 2014.
  10. „Safeguard for spacemen“. The Canberra Times. 43 (12, 217). Australian Capital Territory, Australia. 24 January 1969. стр. 7. Посетено на 3 April 2019 – преку National Library of Australia.
  11. „Trajectory Details OSO 6“. NASA. Посетено на 5 September 2014.
  12. „The Sixth Orbiting Solar Observatory“. NASA's Imagine the Universe!. NASA. Архивирано од изворникот на 17 April 2001. Посетено на 5 September 2014.
  13. „Trajectory Details OSO 7“. NASA. Посетено на 5 September 2014.
  14. „The Seventh Orbiting Solar Observatory“. NASA's Imagine the Universe!. NASA. Архивирано од изворникот на 19 February 2014. Посетено на 5 September 2014.
  15. „IN BRIEF“. The Canberra Times. 47 (13, 243). Australian Capital Territory, Australia. 2 October 1972. стр. 4. Посетено на 3 April 2019 – преку National Library of Australia.
  16. „Trajectory Details OSO 8“. NASA. Посетено на 5 September 2014.
  17. „The Eighth Orbiting Solar Observatory“. NASA's Imagine the Universe!. NASA. Архивирано од изворникот на 17 April 2001. Посетено на 5 September 2014.
  18. „Advanced OSO“. NASA - NSSDC - Spacecraft - Details. NASA. Посетено на 5 September 2014.

Надворешни врски

уреди
  • [1] Снимка од експериментите на ОСО 1 во Националниот центар за податоци за вселенска наука
  • [2] ОСО 1 во „Замислете го универзумот“ од НАСА