Опир
Опир (украински: О́пір) ― река во Украина, во рамките на Стријскиот Реон во Лавовската Област. Таа е десна притока на реката Стриј (днестарски слив).
Опир | |
---|---|
Реката Опир близу Хребенив, 2008 година. | |
Изворно име | О́пір (украински) |
Местоположба | |
Држава | Украина |
Област | Лавовска Област |
Физички особености | |
Извор | |
• место | близу Опорец[1] |
• координати | 48°47′49.6″N 23°17′14.3″E / 48.797111° СГШ; 23.287306° ИГД |
• надм. вис. | 975 м |
Устие | Стриј |
• место | близу Верхние Синовидне[2] |
• координати | 49°06′45.0″N 23°35′40.9″E / 49.112500° СГШ; 23.594694° ИГД |
• надм. вис. | 370 м |
Должина | 58 км[3] |
Големина на сливот | 843 км2[3] |
Особености на сливот | |
Течение | Стриј→ Днестар→ Днестарски Естуар→ Црно Море |
Притоки | |
• леви | Орјава, Холовчанка |
• десни | Славка, Рожанка |
Географија
уредиРеката Опир извира на источната падина на планината Велики Јавирник (украински: Великий Явірник) во Верховинскиот Масив, јужно од селото Опорец. Се протега помеѓу планините на Сколивски Бескиди, главно на североисток и север. Се влева во реката Стриј помеѓу гратчињата Верхние Синовидни и селото Межиброди. .
Опир е 58 км долга, со големина на слив од 843 км2. Неговиот просечен градиент на проток е 10.4 м/км. Реката тече во долина во облик на V, со ширина што варира помеѓу 150 м и 300 м во долниот тек. Поплавната рамнина е билатерална, понекогаш еднострана, со ширина која се движи од 30 м до 425 м . Бреговите се стрмни и повремено мочурливи. Коритото на потокот е карпесто, со широчина од 10 м до 80 м, и длабочина од 20 см до 120 см. Дното обично е обложено со камчиња од карпатски песочник. Реката ги снабдува со вода населените места и за наводнување на земјоделските површини.
Неодамна, реката стана популарна меѓу туристите кои одат на сплаварење.[4]
Притоки
уредиОсум мали реки и 31 поток со вкупна должина од 94.3 км и површина од 21.9 хектари се влеваат во реката.
- Десни: Камјанка, Чудилив, Павлив, Хребеновец, Зелемјанка, Цихла, Рожанка, Славка, Хохлински, Писаривка, Опорец.
- Леви: Закути, Лавочанка, Дубривка, Орјава, Јахистив, Холовчанка, Ровина.
Населби
уредиНа реката се наоѓаат неколку населби (по редослед од изворот до устието): Опорец, Лавочне, Тернавка, Славске, Тухлија, Хребенив, Сколе, Дубина, Верхние Синовидне.
Галерија
уреди-
Долината на реката Опир (поглед од Зелемјанка).
-
Железнички мост преку Опир.
-
Опир во зима.
Наводи
уреди- ↑ Prykhodko, M. M.; Romaniuk, V. V.; Kukhtar, D. V.; Bodnaruk, I. L.; Adamovych, M. V. (2020). „Use of geoinformation technology to study the structure and morphometric parameters of river basins“. Geoinformatics: Theoretical and Applied Aspects 2020: 1–5. doi:10.3997/2214-4609.2020geo014.
- ↑ Saul Bernard Cohen, Saul Cohen (2008). „Verkhnye Syn'ovydne“. The Columbia Gazetteer of the World: A to G. стр. 4092. ISBN 9780231145541.
- ↑ 3,0 3,1 Anna Hryhorivna Lutsyk, Pavlo Volodymyrovych Bosak (2019). „Антропогенне забруднення річок смт. Славське“ [Anthropogenic pollution of rivers in the town of Slavske] (PDF). Проблеми та перспективи розвитку системи безпеки життєдіяльності (украински): 163–165.
- ↑ N.Ye. Pankiv, O.R. Roik (2019). „Greenways as a model for the development of sustainable tourism in the Lviv region“. Journal of Geology, Geography and Geoecology. 28 (1). doi:10.15421/111917. ISSN 2617-2909.