Омар Бонго
Ел Хаџ Омар Бонго Ондимба (француски:El Hadj Omar Bongo Ondimba; роден на 30 декември 1935 во Леваи, Француска Екваторска Африка - почина на 8 јуни 2009[3] во Барселона) — габонски политичар и претседател на истоимената земја цели 42 години, од 1967, па сè до неговата смрт во 2009.
Омар Бонго Ондимба | |
Бонго во 2004 | |
Мандат 2 декември 1967 година – 6 мај 2009 година | |
Заменик претседател(и) | Џоб Дивунди Ди Ндинге |
---|---|
Претходник | Леон Мба |
Следбеник | Али Бонго Ондимба |
Роден | 30 декември 1935 Леваи, Француска Екваторска Африка (денес Габон) |
Починал | 8 јуни 2009 Барселона, Шпанија |
Партија | Демократска партија на Габон |
Сопружник | Лујза Мујаби Мукала (1955-1989) Пациенса Дабани (1959-1986)[1] Едит Љуси (1990-2009) |
Професија | Правник |
Религија | католик, а потоа станал муслиман[2] |
Претседател на Габон |
Омар Бонго добил висока државна функција во раните 1960-ти, за време на претседателот Леон Мба. Во 1966, станал потпретседател, а по смртта на Мба во 1967, станал втор претседател на Габон. Со своите 32 години, во тој момент бил најмладиот претседател во светот.
По смртта на тогоанскиот претседател Гнасингбе Ејадема во 2005 година, Бонго станал најдолговечниот претседател во Африка.
Наводи
уреди- ↑ David E. Gardinier, "Gabon: Limited Reform and Regime Survival", in Political Reform in Francophone Africa (1997), ed. John F. Clark and David E. Gardinier, page 147
- ↑ „Gabon president dies in Spanish hospital“. Globe and Mail. Архивирано од изворникот 2012-09-12. Посетено на 2009-09-05.
- ↑ Почина габонскиот претседател Омар Бонго[мртва врска] статија објавена од Форум