Олмеки
Олмеки — древна мезоамериканска индијанска племенска заедница што населувала мала област во денешно Мексико. Нивното име е условно, а познати се од ацтешките историски летописи во кои се споменуваат уште од II илјадалетие п.н.е. Олмеки е името на едно од племињата што живеело во бујната шумска област на мексиканските држави Веракрус и Табаско, каде некогаш живееле овие Индијанци. Во периодот од 2500 п.н.е. до 1600 — 1500 г. п.н.е. во областите каде што подоцна процветала цивилизацијата на Олмеките, се развила култура за која се верува дека била доолмешка. Олмешката цивилизација настанала околу 1600 — 1500 г. п.н.е. во југоисточниот дел на сегашната мексиканска држава Веракрус. Постоела околу илјада години — до 400 г. п.н.е. По 600 г. п.н.е. почнала да опаѓа, а околу 200 г. п.н.е. престанала да постои.[1]
Наводи
уреди- ↑ Diehl, Richard A. (2004). The Olmecs: America's First Civilization. London: Thames and Hudson. pp. 9 – 25. ISBN 0-500-28503-9.
Надворешни врски
уреди„Олмеки“ на Ризницата ? |